(ВИДЕО) Каевски: Во време на криза градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ трошат милиони евра за партиски вработувања а се жалат дека општините немаат пари

Од:

„Владата предводена од СДСМ во време на криза презема навремени и ефикасни мерки за помош на граѓаните и стопанството. Пакетот од 26 антикризни мерки вреден 400 милиони евра веќе дава резултати, цената на горивата постојано се намалува, а со укинувањето на ДДВ за основните производи ги штитиме семејните буџети од нови ценовни шокови“, рече Дарко Каевски, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Но кризата како да не важи за градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Речиси да нема ден во кој не се појавува нов доказ за расипништво на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера објавивме дека само четири градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ќе потрошат еден милион евра за партиски вработувања.

Градоначалниците на Град Скопје, Гази Баба, Кисела Вода и Ѓорче Петров годинава ќе потрошат скоро еден милион евра за вдомување на партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

И партизацијата на општините не завршува тука. Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ оваа година ќе потроши четири милиони денари или скоро 70.000 евра за вработување партиски послушници.

За потсетување градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најгласни дека општините немаат пари да платат струја и парно а истите со народни пари вдомуваат нивни сопартијци.

За сето ова време, Христијан Мицкоски кој во јавноста глуми загриженост за економскиот стандард, за ова расипништво молчи, и не ги повикува градоначалниците да престанат со трошењето на парите и да ги пренаменат за потребите на граѓаните.

Очигледно е дека ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е нереформирана партија која неодговорно се однесува со парите на граѓаните“, изјави Дарко Каевски, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата