(ВИДЕО) Каевски: ВМРО-ДПМНЕ е доказ како од од голтарска се станува најбогатата партија во Европа преку криминал и корупција

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ е типичен доказ како од од голтарска партија се станува најбогатата партија во Европа преку криминал и корупција. Признанијата пред македонските судови на поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и пресудите како онаа за Титаник се само уште една потврда на тоа што јавноста многу добро го знае“, рече Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Еве ја зад мене белата палата, симболот на криминалот, корупцијата и расипништвото на ВМРО-ДПМНЕ.

Од мала „жолта куќа“ до „бела палата“ на 7 спрата вредна 40 милиони евра, со раскошни лустери, со скап мебел, теписи и уметнички дела.

Побогата од партијата на Ангела Меркел, германската ЦДУ.

Христијан Мицкоски е исто така класичен пример за тоа. Влезе голтар во политиката, па стана советник на Никола Груевски и сопственик на хидроцентрали и бизниси.

Како ВМРО-ДПМНЕ го стекна овој имот, како се финансирала партијата за време на нивниот 11 годишен режим, покажуваат бројни судски пресуди против некогашни функционери на партијата, како и бројните предмети кои се уште се пред судовите во државата.

Затоа немаше пари за граѓаните, за поголеми плати, граѓаните паметет колку тешко живееа додека ВМРО-ДПМНЕ се богатеше.

ВМРО-ДПМНЕ освен што е симбол за криминал и расипништво, е партија симбол на енормно богатење на поединци преку ноќ“, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски