(ВИДЕО) Каевски: СДСМ бара одговорност за насилството на протестите организирани од Мицкоски и Апасиев

Од:

СДСМ најостро го осудува насилството на протестите организирани од ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица и бараме одговорност. Во насилствата пред Собранието повредени се 47 полицајци, од нив 11 се со потешки повреди. Насилници маскирани со качулки, со камења, шишиња, молотови коктели вчера ја нападнаа македонската полиција, во обид да го повторат упадот во Собранието од 27 април, изјави Дарко Каевски, портпарол на СДСМ и пратеник.

-Целата јавност вчера на дело ја виде насилничката матрица, вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот партнер, проруската Левица. Организаторите, Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев, ги водеа насилните протести и кога почна насилството воопшто не се обидоа да ја смират толпата. Досега нема ниту збор за осуда на насилството, ниту една порака за повредените полицајци.

Мицкоски и Апасиев најмалку што можат да направат денеска е да им се извинат на граѓаните, да им се извинат на семејствата на полицајците и да посетат некој од повредените полицајци. По синоќешните инциденти, мора да следува одговорност од сторителите, но и од организаторите и од оние кои го поттикнуваа насилството.

СДСМ го осудува секој вид на насилство и ги повикува граѓаните да останат смирени, да не подлегнуваат на провокациите и повиците за насилство на антиевропските ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Заедно со институциите, заедно со граѓаните, нема да дозволиме насилничкото однесување и црните сценаријата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ја загрозат стабилноста на државата – изјави Каевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски