(ВИДЕО) Каевски: Потонаа нарачаните анкети на ВМРО-ДПМНЕ, двојна победа на Ковачевски

Од:

На вонредните локални избори граѓаните испратија силни пораки дека сакаат напредок, европски вредности и не сакаат блокади, деструкции и лаги. Затоа на Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев им се случи нов изборен пораз. Ковачевски го победи Мицкоски на првото изборно соочување. ВМРО-ДПМНЕ и нивниот коалициски партнер Левица доживеаја изборен дебакл, изјави на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Тој додаде дека кандидатот на СДСМ и коалицијата во Маврово Ростуше го победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со разлика од 1.300 гласа. ВМРО-ДПМНЕ беше поразена и во Центар Жупа, каде ги бојкотраше изборите, надевајќи се дека ќе проpаднат, но кандидатот на владејачката коалиција победи со освоени над 3.000 гласови. Во Тетово, ВМРО-ДПМНЕ има драстичен и постојан пад на гласовите. Од речиси 6.000 гласови во 2017 година на 3.000 гласа на вонредните избори сега. СДСМ и коалицијата во Центар Жупа има повеќе гласови од ВМРО-ДПМНЕ во Тетово кадешто има над 80.000 гласачи.

Каевски истакна дека се покажа дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат поддршка од граѓаните а анкетите што ги нарачуваат се неточни и погрешни.

– Со овој изборен пораз уште еднаш се поразени сите лаги пласирани од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, сите деструкции на Мицкоски и Апасиев и сите нивни погрешни политики на штета на државата. Со својот глас за СДСМ и коалицијата, граѓаните покажаа дека знаат да ги препознаат вистинските политики, застанаа зад вистинските луѓе и зад вистинскиот, европски концепт, изјави Каевски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната