(ВИДЕО) Каевски: Обезбедуваме месечен надомест за приватно сместување за над 1.100 ученици и студенти

Од:

„Денеска пред пратениците се измените на Законот за ученички стандард и Законот за студентски стандард. Преку овие измени, обезбедуваме правна рамка за реализација на важна мерка од четвртиот пакет.

Поради коронавирусот, ученичките и студентски домови ќе работат во посебни околности и по строго утврдени протоколи за да се заштити јавното здравје.

Заради намалениот капацитет во домовите, студентите и средношколците чии барања биле одобрени, а не можат да бидат сместени, ќе имаат можност да одберат месечен надомест за покривање на трошоците за приватно сместување или да одберат надомест на трошоците за превоз од местото на живеење до местото на студирање“, кажа Дарко Каевски, претседател на СДММ и пратеник.

„Оваа мерка опфаќа 884 студенти и 347 ученици, а за нејзина реализација ќе се искористат 44 милиони денари од Буџетот, предвидени во четвртиот пакет антикризни мерки.

Како одговорна партија, СДСМ и во време на пандемија покажува вистинска грижа за младите, за студентите и учениците.

Очекуваме дека сите пратеници без разлика на партијата од која доаѓаат ќе ги поддржат овие законски измени и на над 1.100 ученици и средношколци ќе им обезбедиме месечен надомест за покривање на трошоците за приватно сместување или надомест на трошоците за превоз од местото на живеење до местото на студирање, со што непречено ќе можат да го следат наставниот процес.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните и да носи законски решенија кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите“, изјави Дарко Каевски, претседател на СДММ и пратеник.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство