(ВИДЕО) Каевски: Мицкоски, заложникот на Апасиев е непознавач на енергетиката

Од:

„Христијан Мицкоски е непознавач на политиката, на економијата, но пред се на енергетиката. Бројни се неговите лаги и промашувања кога во прашање е енергетскиот сектор“, рече Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Прва и најголема негова лага беше дека цената на струјата за домаќинствата и компаниите драстично ќе поскапи.

Цената на електричната енергија ќе се зголеми за 40 до 50 отсто предвидуваше Мицкоски. Но во реалноста не само што нема зголемување на цената, не само што граѓаните не плаќаат повисоки сметки за струја, туку цената на електричната енергија е сериозно намалена за 72.000 компании.

Мицкоски, заложникот на Левица и Димитар Апасиев, предвидуваше и дека енергетскиот систем ќе колабира, дека цели градови ќе се соочуваат со рестрикции во зимата.

Не само што немаше рестрикции, туку енергетскиот систем на државата работеше со сите кашацитети какко никога претходно во последните 70 години, а домашното производство на струја е зголемено во периодот јануари – февруари 2023 година.

Ја плашаше Мицкоски јавноста и дека ќе нема доволно гас за грејната сезона, бараше да се купува гас за цела зима во време кога овој енергенс беше со највисока цена.

Цената на гасот драстично падна, а државата ако го послушаше Мицкоски ќе беше над 100 милиони евра во зијан. Ете толку се познавањата на најнеуспешниот советник за енергетика и директор на некогашен ЕЛЕМ, денес ЕСМ.

Од неговото доаѓање на челната позиција на ВМРО-ДПМНЕ па се до денес, Мицкоски ќе остане запаметен по пласирањето лажни вести, црни сценарија и катастрофални промашувања.

Мицкоски е класичен непознавач на енергетиката и докажан заложник на Апасиев и Левица“, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време