(ВИДЕО) Каевски: Кој е ставот на Мицкоски за тоа што неговиот партнер Левица ја поддржа агресијата врз Украина?

Од:

„Јавноста сведочи дека коалицискиот партнер на Христијан Мицкоски, политичкиот субјект Левица отворено ја поддржува воената агресија врз Украина. Пратениците на оваа партија гласаа против Декларацијата за Украина во македонското собрание. Граѓаните на Украина ги нарекуваат неонацисти и користат крајно несоодветен речник, идентичен со оној на агресорот“, рече Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

„Ова се опасни ставови, кои се на штета на државниот и национален интерес на нашата татковина, на нејзините стратешки цели и спротивни на целиот демократски свет.

Левица е коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Заедно ги кочат и блокираат законите кои се од интерес на граѓаните и државата.

Левица е коалициски партнер на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и на локално ниво во многу општини. Дури и во главниот град Скопје.

Бидејќи станува збор за негов близок коалициски партнер, го прашуваме Христијан Мицкоски:

Кој е неговиот став за поддржувањето на воената агресијата на Русија врз Украина од страна на Левица?

Затоа ли самиот Мицкоски ги оправдува сите што ја поддржуваат воената агресија, во своите јавни настапи“, прашува Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра