(ВИДЕО) Каевски: Две години во НАТО, безбедни, сигурни и силни

Од:

„На денешен, пред точно 2 години ја остваривме една од двете клучни национални стратешки цели – станавме полноправна членка на НАТО Алијансата. Две години безбедни, сигурни и силни. Македонското знаме гордо се вее пред седиштето во Брисел, а македонската Армија е рамо до рамо со најсилните армии во светот“, рече Дарко Каевски, портпарол на СДСМ и пратеник.

„За жал, периодов со воената агресија врз Украина и загрозувањето на нејзиниот суверенитет се покажа колку безбедноста и сигурноста на граѓаните може лесно да биде загрозена.

Но истовремено, тоа ни покажува колку е важно тоа што Северна Македонија е членка на НАТО, благодарение на тој успех, денес нашите граѓани можат да бидат спокојни затоа што ја уживаме заштитата на НАТО Алијансата.

Во услови на безбедносна криза гледаме колку е важно членството во НАТО.

НАТО значи безбедност и сигурност, неповредливост на границите и територијалниот интегритет на државата.

Од денешна перспектива се потврди дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ да ги блокира одлуките во Собранието, Референдумот и Договорот од Преспа беа погрешни и на штета на државата.

Христијан Мицкоски му беше тешко да аплаудира во Собранието при ратификацијата на членството во НАТО.

Но и покрај опструкциите и деструктивноста на опозицијата успеавме и ја остваривме стратешката цел, заедно со граѓаните, со сите демократски сили во општеството.

Како што остваривме членство во НАТО, така ќе ја реализираме и втората стратешка цел, членство во ЕУ. Со СДСМ државата оди напред и како државотворна партија продолжува да ги реализира стратешките цели“, изјави Дарко Каевски, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата