(ВИДЕО) Јовановски: СДС врши терор врз граѓаните

Од:

„Ова е изборната атмосфера во Шуто Оризари. Хермелини, џипови, специјалци и алфи. Ова се фер и демократски услови за одржување на избори според СДС.

Кандидатот за градоначалник на СДС за Шуто Оризари, Курто Дудуш, со асистенција на полицијата врши притисок врз гласачите и се заканува од куќа на куќа.

Полицијата е ставена во служба на партијата, партијата врши терор врз граѓаните.

Со враќањето на СДС на власт повторно на улиците се вратија криминалот и несигурноста. За само 48 часа по изборите, имаме напади со нож, обид за ликвидација, скршени и запалени автомобили и пукање со огнено оружје.

Несигурноста и неизвесноста по животот на граѓаните демне на секаде кога СДС е на власт.

Бандитизам од невидени размери е нападот од страна на група активисти на СДС врз полицаецот во Свети Николе, кој бил крвнички тепан и му се заканувале со ликвидација на него и на неговото семејство. Ова е резултат од апсолутната власт на СДС – хаос, насилие и безредие, ситуација во која никој не е безбеден.

Нападот врз претседателот на политичката партија ГРОМ, Стевчо Јакимовски, од луѓе блиски до врхушката на власта е напад врз демократијата, врз слободната мисла и врз правната држава. Обидот за физичка пресметка и ликвидација со Стевчо Јакимовски треба да биде расчистен и да се утврди кривична одговорност за напаѓачите.

Аздисаноста на СДС не запира тука, на повеќе места низ државата пукано е од огнено оружје од страна на активисти на СДС на вечерта по изборите, огненото оружје било редовен декор пред повеќето штабови на СДС, за што сведочат фотографиите и снимките објавени низ медиумите.

Искршени и запалени автомобили само неколку часа по завршувањето на локалните избори се исто така показател во која насока планира СДС да ја води државата.

СДС ја води државата кон тотален хаос, незаконие и насилие по улиците, каде граѓаните ќе бидат шиканирани од неколкуте бандити блиски до врвот на власта. Граѓаните видоа што значи СДС на власт, граѓаните исто така имаат шанса да му стават крај на овој бандитизам и да си го вратат владеењето на правото и демократијата во Република Македонија“, изјави Крсте Јовановски.

Би можело да ве интересира

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски