(ВИДЕО) Јорданов: Тендер семејството Бочварски од Штип се префрла во Министерството за транспорт и врски

Од:

„Благој Бочварски кукавички избега од позицијата градоначалнк на општина Штип, немајќи храброст да се соочи со штипјани, кои три години ги лажеше и манипулираше.

Со изборот на Бочварски за министер за транспорт и врски тандемот на синот и таткото тендераши од Штип се префрла на територија а цела Македонија.

Додека Бочварски беше градоначалник неговиот татко нижеше тендери од штипските јавни претпријатија“, рече Иван Јорданов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавно достапните документи велат дека семејната фирма на градоначалникот Благој Бочварски Пелагонија –Инженеринг ДОО Штип во периодот од 2017 до 2019 година добила 12 тендери од Ј.П Стипион 2011. Вкупната вредност на тендерите изнесува 6,7 милиони денари или 109.371 евра.

Ова е одговорот зошто немаше пари за проекти во Штип, затоа што парите се трошеа за изнајмување на машини од фирмите на Бочварски и полнење на нивниот семеен буџет.

И додека градот стагнира и тапка во место, поради човекот кој за три години не успеа да го надогради почнатото, неговиот ментор го награди со министерско место. Замислете, човекот кој асфалтот за малку не го мереше во милиметри, но затоа износите на добиени тендери на неговата фамилијарна фирма ги броеше во милиони.

Бочварски многу вети, а ништо не реализира, Штип ќе го памети по ветените а неизградени: жичара, аквапарк, брана на река Отиња, сала за боречки вештини, картинг центар, катна гаража, гасификација и многу други проекти, кои не се ниту почнати.

Празните ветувања на Бочварски, допринесоа Штип да тоне. Мегаломанската и нереална програма остана само на хартија, а за сметка на тоа, нечии џебови и банкарски сметки се полнеа со забрзано темпо.

Оној чие прво вработување беше пратеник, па не се пронајде во функцијата Градоначалник, сега ќе се проба како министер. Ова се новите кадри на СДСМ.
Лица со десетици функции за себе и конекции со транзицијата.

Бочварски не можеше да го уреди Штип, Македонија нема ни толку. Со вакви кадри ќе имаме само тендер влада, која мисли на бизнис интересите, а не и на граѓаните“, изјави Иван Јорданов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ