(ВИДЕО) Јорданов: Штипјани заслужуват гасификација, спортски центар, жичара на Исарот, изградени булевари и финансии за нормален живот

Од:

„Како СДСМ управува со државата, најдобро се виде преку состојбите во Штип. Знаејќи дека на редовните локални избори ќе доживееат пораз во Штип, знаејќи дека, поради неспособност на Бочварски ќе заврши неговата кариера, одеа до степен минатата година да организираат предвремени локални избори, со кои ќе го сокријат и ќе се амнестираат од неработењето во најголемата општина во истокот“ рече Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ.

„За да се намали одговорноста од лошото, неспособно и криминално менаџирање на Бочварски, СДС креираа фиктивен изборен циклус. На истиот, без против кандидат, локалниот огранок на партијата на власт, со чочек и незаконско отворање на локали, славеше пирова победа, од која се роди уште понеспособна гарнитура за управување со нашиот град.

Изминативе четири години, како резултат на ограничениот капацитет на дури двајца градоначалници, изгубивме драгоцено време и неопходни средства, а младите и сите граѓани на Општина Штип се “удавија” во неостварените очекувања од мегаломанската и неостварена програма на двоец Бочварски-Николов.

На чекор пред новите локални избори, штипјани сфатија дека не добија посакувана гасификација, жичара на Исарот, Спортско рекреативен центар во Суитлак со сала за борење и бокс, изманипулирани се со градба на брана на река Отиња, нема ниту една инвестиција-домашна или странска, младите не само што не се вратија и не добија младинска гаранција за сигурно вработување после завршување на образованието, туку забрзано бегаат од нашиот град.

Како резултат на владеењето на СДС и двоецот Бочварски-Николов, Штип е приватизиран од нивните фамилии, па така едни добија градба на приватни згради на атрактивни локации како и безброј државни тендери, а други пак заобиколувајќи ги законите, оставија повеќе од 300 граѓани во социјален ризик, без работа и основна егзистенција.

Таков Штип не ни е потребен.

Јас го гледам Штип со напредна, креативна и развиена економија, преку која младите ќе си ги остваруваат своите соништа.

Јас го гледам Штип со бројни содржини паркови, велосипедски и пешачки патеки, терени за домашните миленици, детски и спортски игралишта, преку кои ќе ја промениме перцепцијата за социјален живот на моите сограѓани.

Јас го гледам Штип со изградени главни булевари, со решени водоводни проблеми во градските и приградските населби.

На штипјани и се потребни катни гаражи во централното градско подрачје, градинка за жителите од приградските средини, центар за грижа на деца со посебни потреби како и довршување на домот за стари лица …

Штип заслужува да биде место каде сите жители ќе уживаат во секојдневието, ќе располагаат со доволно финансии за нормален живот.

Таков е мојот град, не само во мојата визија, туку и во соништата на моите сограѓани.

Сега е времето кога можеме да ја извојуваме промената и заеднички да го изградиме и соочуваме најперспективниот центар во Источна Македонија!“, изјави Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски