(ВИДЕО) Јорданов: Кои струмички фирми се офајдиле од пропаста на Еуростандард

Од:

„Вториот ТАТ, пропаѓањето на Еуростандард банката предизвивикува паника меѓу штедачите и несигурност кај граѓаните.

Лошото менаџирање на состојбата создава паника кај голем број на граѓани кои ги вадат своите штедни влогови од другите банки. Тоа може да доведе со силни макроекономски потреси.

Од друга страна додека граѓаните стравуваат за своите заштеди, голем дел на луѓе од власта меѓу кој и министерката за финансии Ангеловска си ги спасила парите вадејќи ги од банката која сега пропадна“, рече Иван Јорданов, пратеник.

„Но, дека не е само лошо менаџирање говорат и фактите кои упатуваат на тоа дека пропаста на Еуростандард банка било смислено сценарио.

Јавноста чека одговори кои точно струмички фирми соработувале со Еуростандард банката?

Дали е точно дека тие се од градежниот сектор и дали впрочем пропаста на банката е она што највеќе им одговара на струмичките фирми блиски до власта?

Кои струмички фирми се офајдиле од пропаста на Еуростандард, тие правеле пари, а сега граѓаните поради несигурност ги вадат од банка своите заштеди.

Пропаѓа банка, трагите за незаконито работење се покриваат, а народот стравува за своите заштеди.

Овој случај покажа дека Заеви не оставаат на случајноста и зад овој втор ТАТ седат луѓе од Струмица блиски до актуелната власт“, изјави Иван Јорданов, пратеник.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски