(ВИДЕО) Јорданов: 100 откази во Баргала е социјална катастрофа на сметка на штипскиот градоначалник

Од:

„Социјалниот дебакл кој компанијата Баргала, веќе неколку години го приредува во Штип, бара реакција и од Градоначалникот на Општина Штип Сашко Николов. Без оглед на фактот што станува збор за семејната фирма, како татко на градот, мора да се произнесе за социјалната катастрофа на 100тина семејства кои останаа без основна егзистенција.

Градоначалникот има сериозна надлежност во областа на економскиот и социјалниот статус на граѓаните, па како и во секој друг случај, би требало да преземе итни и неодложни мерки за санкционирање на последиците, како и причините за оваа социјална катастрофа“, рече Иван Јорданов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Несомнено, Баргала е најголемиот производител не само на кожарски производи, туку и на проблеми и неправди во Штип, па оттука се поставува прашањето и за морално-етичкиот кредибилитет на сегашниот градоначалник.

Истиот во неговите изјави ветуваше решавање не само на комуналните проблеми, туку и на економските и социјални проблеми на неговите сограѓани.

Или, „мојата Баргала“ е само за шоу-бизнис емисии, а кога имаме една ваква ситуација, тогаш Баргала станува компанија во кога градоначалникот нема никакво влијание?“, изјави Иван Јорданов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ