(ВИДЕО) Јоанидис: Верувам дека ќе има ослободителни пресуди во „Ликвидација“

Од:

Јас лично ценам дека овој Судски совет кој што работи по жалби на сите обвинети во „Ликвидација“ е добро избран и ќе донесе правила одлука во смисла на слободување на обвинетиот Борис Николовски.

По однос на Николовски, а тоа се однесува и Сашко Лазаров за Јане Павловски и за обвинителот Ивица Ефремов кој се обвинети за дело противзаконско посредување, тоа е кривично дело кое е декриминализирано, не постои во закон, барањето за истрага и обвинението се поднесени откако е извршено декриминализација на тоа кривично дело, а тоа е спротивно на правилото-без предвиденост во закон нема кривично дело и нема казна. Не може да се одговара за кривично дело кое не постои, рече адвокатот Јован Јоанидис.

Со затворски казни од една година до пет и пол години, Кривичниот суд на 21 октомври 2013 година ги прогласи сите осуммина обвинети во „Ликвидација“ меѓу кои судии, адвокати, обвинител, новинар, за виновни.

Тие беа осудени за: „примање поткуп“, „злоупотреба на службената положба и овластување“, „неовластено оддавање информации и податоци за сведоците, соработниците на правдата, жртвите кои се јавуваат во својство на сведоци и нивните блиски лица“, „противзаконито посредување“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. Јане Павловски – „Тица“, пензионираниот врховен судија Борис Николовски и адвокатот и поранешен судија во велешкиот суд Сашко Лазаров, според обвинителството биле поврзани со со случајот „Ореше“. Николовски кој доби една година затвор, наводно со со умисла потикнат од Павловски посредувал кај обвинителот Ефремов да даде согласност по предлогот на одбраната за укинување на мерката притвор на обвинетите за убиството во „Ореше“.

Би можело да ве интересира

Објавено видео: Ликвидиран командантот на специјалните сили на Хезболах

A1on

(АУДИО) „Заев ќе биде изрешетан ко куче, ќе лежам доживотно“, снимка на „Јутуб“ на која пишува дека Ченто и Ќосето зборуваат за ликвидација

Ландов

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

ВИДЕО: Поради операција на поротничката, одложено повтореното судење на „Ликвидација“

Васко Маглешов

По 5 години Врховниот суд ги укина пресудите за „Ликвидација“

Васко Маглешов