(ВИДЕО) Јаулески: Првиот академски час за студентите и професорите започна со многу проблеми

Од:

„Првиот академски час за студентите и професорите започна со многу проблеми.Студентите и професорите се соочуваат со неефикасен Закон за високо образование и со нефункционално студентско организирање.

Една година откако власта го изгласа Законот за високо образование, тој е само празно слово на хартија.

Студентите не можат да делегираат свои претставници во телата на факултетите и универизтетите, студентското организирање е буквално уништено“, рече Јован Јаулески, Претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

„Претставниците од власта кои навидум декларативно се бореа за посилна студентска организација ја угушија и онаа која што постоеше и се сместија во удобните владините фотелји.

Студентите и оваа година немаат подобри услови за студирање, нема повисоки стипендии, нема подобри услови во студентските домови, а за изградба на ветениот студентски град не станува ниту збор.

Не работи ниту Одборот за акредитација и евалуација, кој треба да го мери квалитетот на образованието.Затоа нашите универзитети и образованието тонат.

И додека образованието се соочува со еден тон проблеми, власта наместо да се насочи кон развој на истото со ребалансот на буџетот кратеше средства од ставката за образование.

Власта која нанесе огромна штета врз образованието наскоро ќе си замине.Доаѓа време за обнова на Македонија.

Нека им е среќен и успешен почетокот на студентската година на сите студенти и професори.Секогаш да се борат за подобро и поквалитетно високо образование. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде нивен сојузник“, изјави Јован Јаулески, Претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски