(ВИДЕО) Јаулески: Нема аспект од општеството кое власта на Заев не успеа да го урниса

Од:

„Младите се срамат од Заев и малата тесна клика која го брани. Зоран Заев е синоним на антиевропски вредности. Нема аспект од општеството кое власта на Заев не успеа да го урниса и поради кое младите чувствуваат потреба да ја напуштат државата. Владеењето на правото го претворија во самоволие на власта.

Правдата ја направија достапна само за оној кој има конекции со власта. Здравството го претворија во луксуз само за тие кои имаат пари, а такви се се помалку“, рече Јован Јаулески, Претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

„Образованието се обезвреднува, а училиштата се претвораат во места за насилство и неморал. Пораката која што власта на Заев им ја дава на младите е дека рекетот, криминалот и корупцијата се единствениот успешен бизнис кој може да го направат во Македонија.

Првата асоцијација која Заев им ја дава на младите кога ќе спомне Европа е принципот Евро за Вицето. Тоа само уште неколку послушници на Заев од редовите на СДММ го глорифицираат, затоа што се одлепени од реалноста која ја живеат младите. Тие се гордеат со тоа од кое чесното членство на СДСМ, како и мноштвото граѓани во Македонија се срамат.

Функциите и дебелите хонорари на дежурните адвокати на Заев ги заслепиле и не гледаат дека над 80% од младите сакаат да ја напуштат државата, дека студираат за да заминат во странство, дека имаме огромна невработеност кај младите од 47%, а 140 илјади млади се сиромашни.

Тоа се поразителните факти кои СДСМ и СДММ нема никогаш да ги признаат и поради кои младите се иселуваат од родната земја за да дојдат до Европа и подобар живот“, изјави Јован Јаулески, Претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање