(ВИДЕО) Јаревски: Се уште очекуваме одговорност за Пајазити, институциите треба да постапат и тој да биде разрешен

Од:

Дали Али Ахмети лично стои зад бегството на Блерим Рамадани и дали СДС се поддржувачи на истото? Дали налогот од Ахмети до Пајазит Пајазити да овозможи бегство на Блерим Рамадани е заради приватен бизнис интерес? Додека Блерим Рамадани бил во притвор неколку пати бил повикуван од страна на Пајазит Пајазити во Кривичниот суд, а еднаш и посетен во КПУ Затвор „Скопје“, изјави Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

– Пајазити да каже дали при посетата во затворот лично му пренел поздрав на Блерим Рамадани од Али Ахмети и дали пораката била да не се секира, дека се ќе се среди. За кого работи Пајазити за државата или за Али Ахмети? Пајазити да каже дали е точно дека пренесувал поздрави од Ахмети, и ако да во кое својство глумел курир? Дали за целата оваа операција на Пајазити и ДУИ знаеле и од СДС и го поддржале планот? СДС да не се крие и да одговори, дали се спотери во сите планови на ДУИ? Се уште очекуваме одговорност за Пајазит Пајазити. Институциите треба да постапат и тој да биде разрешен – рече Јаревски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јаревски: Пендаровски кога глумеше скромен рече дека ќе ангажира тројца вработени, за потоа да бара средства за четворица

Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи

(ВИДЕО) Јаревски: Пајазити не смее да биде судија, тој ја извалка судската позиција и мора да биде разрешен

(ВИДЕО) Јаревски: Пајазит Пајазит не смее да продолжи да биде судија

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ повторно го актуелизира случајот „хациендата на Петровска“: Си пукате во нога одговори екс министерката

(ВИДЕО) Јаревски: Со зголемувањето на цените на Катастар до 300% власта уште повеќе сака да ги осиромаши граѓаните

Горан Наумовски