(ВИДЕО) Јаревски: Пајазити не смее да биде судија, тој ја извалка судската позиција и мора да биде разрешен

Од:

Разрешување на Пајазит Пајазити веднаш, не само што овозможи да избега Рамадани, туку и условно го осуди Иџет Мемети кој призна поткуп. Пајазити свесно остави простор Блерим Рамадани да избега. Наместо ефективен затворски притвор, тој му допушти куќен притвор, иако знае за каков профил на човек станува збор и дека може лесно да се впушти во бегство. Пајазити свесно допуштил да избега Рамадани и за тоа треба да сноси одговорност, изјави Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– На ист начин Пајазити постапи и со Иџет Мемети заменик претседател на Советот на јавни обвинители кој призна дека земал поткуп за да влијае за поблага казна за Боро Малборо. Пајазити наместо да пресуди казна затвор, тој пресуди условна казна за Мемети. Од авион се гледа дека одлуките на Пајазити се мотивирани, а не според закон. Пајазити не смее да биде судија, тој ја извалка судската позиција и мора да биде разрешен. Институциите да постапат за негово разрешување, а веднаш потоа да отворат и соодветни постапки. Доколку Пајазити не биде разрешен, довербата на народот во судството уште повеќе ќе паѓа. За крај би сакале да најавиме на јавноста дека од утре ќе продолжиме со споделување на нови сознанија за овој случај – нагласи Јаревски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јаревски: Се уште очекуваме одговорност за Пајазити, институциите треба да постапат и тој да биде разрешен

(ВИДЕО) Јаревски: Пајазит Пајазит не смее да продолжи да биде судија

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ повторно го актуелизира случајот „хациендата на Петровска“: Си пукате во нога одговори екс министерката

(ВИДЕО) Јаревски: Со зголемувањето на цените на Катастар до 300% власта уште повеќе сака да ги осиромаши граѓаните

Горан Наумовски

Јаревски: Молк од ЈО откако објавивме дека функционери на СДС набавиле машини за бележење 100 пати поскапо од тоа што власт тврди дека е реално

Јаревски: ЈП за одржување на магистрални патишта, Струмица и Центар купиле машини и до 100 пати поскапо од тоа што СДС тврдат дека е реално