(ВИДЕО) Јаревски: Каде завршува песокот кој нелегално се ископува од Вардар?

Од:

Тони Јаревски од ВМРО ДПМНЕ, на денешната прес конференција се обрати до градоначалниците Петре Шилегов и Стефан Богоев.

„Изминува речиси цела недела откако се актуелизира еколошкото злодело што се одвива тука, а надлежните институции се однесуваат како да не постојат.

Тука сме на лице место и како што гледате, нема табла, ниту кој е инвеститор, ниту кој е изведувач, ниту број на проект, ниту број на договор, ниту било каква друга информација што е пропишана согласно законските норми и прописи.

Да Шилегов и Богоев, граѓаните и надлежните институции да ја сфатат сериозноста на ситуацијата и да се добие јасна слика што се случува тука, дали е криминал од една страна и истовремено злосторство врз животната средина од друга страна. Потребно е да се одговори на серија на прашања.

За почеток денес ќе поставиме неколку за Шилегов и едно до Стефан Богоев.

Прво, бидејќи е недвосмислено јасно од снимките, се гледа дека багерите вршат ископ на природен материјал, песок и чакал и истиот го товарат во камиони кои полни го напуштаат местото.

Прашуваме, дали има издадено лиценца за ископ на било која фирма на оваа локација и каде и за која намена истиот се складира?

Второ, колкава количина на природен материја песок и чакал е досега ископана и одвезена и каков вид и количина на отпад е депонирана во дупките од кои се вршеше ископ.

Трето, дали Шилегов по целосна одговорност ќе потврди дека изминатите неколку месеци тука не е депониран радиоактивен или канцероген отпад како на пример стари громобрани, азбесни цевки и кровови.

Следниот прес ќе го одржиме пред општина Карпош, а до тогаш очекуваме одговор дали господин Богоев стои на ставот дека оваа локација не е заштитна зона на бунарското подрачје Нерези – Лепенец и дали се уште смета дека ова што се случува тука не претставува опасност по здравјето на Скопјани и безбедноста и квалитетот на водата од бунарите“, рече Јаревски на денешната прес конференција.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова прифаќајќи да биде кандидат за Скопје само му излезе во пресрет на Филипче

А1он

СДСМ: Колапс во ЕСМ – ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ: Кампања „Македонско најдобро“ за купување домашни производи, Владата предводена со конкретни мерки и проекти го поттикнува македонското производство

СДСМ: Власта да не си игра со безбедноста на македонското небо, бараме поништување на срамниот оглас во М-НАВ

Предраг Петровиќ

Информациите дека наводно Мицкоски барал бугарски пасош се производ на бугарската пропаганда, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Радикални структури се обидуваат да предизвикаат вештачки конфликти со симболите на државноста и борбата, вели Мицевски