(ВИДЕО) Јанушев: Законот за јазиците го надминува Уставот и влијае на менување на карактерот на државата

Од:

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев денеска на прес-конференција изјави дека Законот за јазиците, предложен од владата и изгласам од парламентарното мнозинство е неуставен и неприменлив.

– Со ова решение злоупотребено е и европското знаменце на законот, а воедно се придонесува и кон изградба на паралелен систем во државата, спротивно на правниот нормативен систем. Со овој закон се надминува Уставот, се влијае и на менување на карактерот на државата притоа загрозувајќи го суверенитетот на истата и доведувајќи ја во прашање нејзината унитарност. Законот за јазици Владата сака да го протурка на мала врата, без поширока консултација со стручната и експертска јавност која во голем дел се изјасни против. Воедно овој закон се носи и без присуство на опозицијата во Парламентот што укажува на штетноста на законското решение и неспремноста низ демократски амбиент да се носат решенија од кој корист ќе имаат сите граѓани во Република Македонија. Истовремено со овој закон ќе се влијае и ќе се создаде еден гломазен и нефункционален систем, чија примена ќе има и практични потешкотии, рече Јанушев.

Тој во име на ВМРО-ДПМНЕ ја повика Владата да го повлече овој закон, кој што рече дека е штетен за државата и граѓаните.

– Притоа бараме да се формираат работни групи составени од претставници на сите парламентарни групи во Собранието на Република Македонија, со вклучување на експертска и стручна јавност од Правните факултети во државата, претставник од кабинетот на Претседателот на Република Македонија господинот Ѓорѓе Иванов, како и претставници од Македонската Академија на Науките и Уметностите и истите треба да работат на утврдување на потребата за носење на ваков закон и отстранување на неуставните елементи на законот за јазици. Секое унапредување на правата на заедниците, треба да е во рамките на Уставот на Република Македонија и низ процес на консултации со релевантните субјекти и експертската јавност, рече Јанушев.

Тој кажа дека очекуваат разумен одговор од Владата и однесување во согласност со интересите на државата и сите нејзини граѓани, како и дека е потребен дијалог за сите отворени прашања.

– Вистинскиот натпревар и бенефит за граѓаните треба да е економијата, а не темите кои се злоупотребуваат од субјектите на власта и тоа за дневно политички теми. Вистинскиот фокус треба да се областите кои реално ќе го подобрат животот и ќе го унапредат животниот стандард на граѓаните кој во реалноста и понатаму опаѓа. Интегрирано општество ќе се постигне со економски напредок и инвестиции, со подобро образование, со подобро здравство. Не со теми кои ќе ја дефокусираат јавноста од реалните проблеми на граѓанинот, рече Јанушев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

СДСМ: Мицкоски ги ангажирал „Black Cube“ – приватниот „Мосад“ за следење на опозицијата

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот