(ВИДЕО) Јанушев: Заев се плаши од независна истрага за случајот „Рекет“

Од:

„Зоран Заев ги минираше преговорите за да го заштити својот и криминалот во своите редови. Затоа не сака независно обвинителство водено од обвинител на предлог на опозицијата, туку сака уште една компромитирана институција како СЈО преку која ќе си го прикрива криминалот.

Зоран Заев се плаши од независна истрага за случајот „Рекет“, затоа што знае дека исказите на жртвите и вмешаните водат до главата на криминално рекетарската банда. Никој веќе не верува дека Боки или Катица на своја рака, без насоки и заштита од политичкиот врв влегле во ова крими авантура“, рече Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„На Заев му е потребно ЈО кое е продолжена рака на власта, на Заев му е потребно баш вакво јавно обвинителство за да го затвори случајот „Рекет“, без притоа јавноста да ги дознае вистинските нарачатели.

Власта се плаши од независна истрага, зошто така ќе се дознае и каде завршиле парите од снимката која сите ја видовме, но и каде завршиле сите останати рекетирани пари за кои има сериозни индиции. Заев е исплашен да не се дознае и дали токму со тие пари е финансирана кампањата на Пендаровски!?

Заев се плаши од независно обвинителство затоа што знае дека со разврска на случајот „Рекет“ јавноста ќе дознае дека рекетот е вршен со амин и за потребите на криминално рекетарската власт.

Заев е во паника и затоа не сака независно обвинителство. Паниката и стравот се вистинскиот мотив поради која Заев ја спасува Катица Јанева во Собранието.

Зоран Заев со своето однесување, а воден од себичните побуди да се спаси од одговорност за криминалите по не знам кој пат, ја загрозува европската иднина на Македонија.

Доколку Заев навистина е за примена на европските вредности, а не за заштита на криминалот тој ќе ги прифатеше предлозите на ВМРО-ДПМНЕ кои се во насока на заштита на Уставот, законите но и меѓународните конвенции и пракси.

ВМРО-ДПМНЕ будно го следи случајот и целата негова разврска. Доколку власта продолжи да го одолговлекува случајот и се обиде на било каков начин да влијае на истрагата, ќе ги објавиме документите кои до нас ги доставија свиркачи, а кои ги има исто така и ЈО.

Порачуваме никој да не се осмелува да си игра со правдата, зошто одговорност за ова незаконие ќе има, и секој индивидуално ќе се соочи со санкциите“, изјави Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски