(ВИДЕО) Јанушев: Заев на еден манипулативен и крајно низок начин се обидува да ги наведе граѓаните на погрешен чекор

Од:

Она што е евидентно и што можеме да го видиме од средбите е дека сепак граѓаните се свесни што се случува во нашата држава и дека во огромно мнозинство истите нема да дадат поддршка на овој штетен и капитулантски договор кој што владата предводена од Зоран Заев го потпиша со соседна Република Грција, рече Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ по посетата на Карбинци и Чешиново-Облешево.

– Она што е така исто интересно е фактот дека манипулацијата од страна на власта е по се евидентна. Имено нема да имаме во Македонија подобро здравство, нема да имаме подобри административни услуги, нема да имаме подобро школство, и она што можеби е најбитно за луѓето кои што живеат во овие 2 општини нема да имаме подобрување во земјоделието нити повисоки откупни цени доколку граѓаните излезат и гласаат ЗА. Тоа е она што како манипулација веќе месец дена речиси го гледаме од страна на владата предводена од Зоран Заев на еден манипулативен и крајно низок начин се обидува граѓаните да ги наведе на погрешен чекор, рече Јанушев.

Тој смета дека овие работи може да се остварат само со реална работа, со исполнување на реалните ветувања од страна на политичарите, а не на ваков манипулативен и нечесен начин.

– Ние како партија веруваме во нашите граѓани, ние сме секојдневно со народот и сме убедени дека на крајот на денот односно на 30-ти септември граѓаните на Република Македонија знаат како да одлучат и пред се како да постапат на самиот ден на гласање, рече Јанушев.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Скопје е град на слоеви – град на историја, уметност и визии

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крадеше, правеше предавства и ги уништуваше институциите

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО–ДПМНЕ вечерва објави 16 кандидати за градоначалници

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Дали службите за безбедност под водство на кадри на СДС го следеле и прислушкувале Мицкоски со знаење на Коцевски?

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче ги штити луѓето кои прислушкувале и обвинителите кои тоа го дозволиле