(ВИДЕО) Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужби до Управниот суд за верификација на мандатите на новите осум пратеници

Од:

Пратениците Игор Јанушев и Никола Мицевски во името на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, поднесоа тужби до Управниот суд за верификација на мандатите на осум нови пратеници кои дојдоа на местата на пратениците од власта кои заминаа во Владата. Според Јанушев кој по излегувањето од Управниот суд даде изјава за медиумите, верификацијата на мандатите е спротивна на Деловникот и на собраниска комсија која уште не формирана.

„Само што ги поднесовме тужбите до Управниот суд во однос на начинот на кој што се изврши изборот, односно верификацијата на останатите 8 пратеници во Собранието на Република Македонија. И покрај нашите реакции во Собранието дека начинот за верификација е тотално погрешен , нелегитимен и пред се нелегален. Она што владејачкото мнозинство го направи е незаконско, затоа што верифкационата комисија е создадена само за првата конститутивна седница. Во Деловникот во член 17 јасно и прецизно, пишува дека единствено тоа може да се направи по предлог на комисијата за имунитетно-мандатни прашања, која не е формирана. Укажавме дека овие 8 пратеници не се верификувани на начинот како што е пропишано со Деловникот. Од Управниот суд очекувам што е можно побрзо да ги разгледа тужбите и да одлучи врз основа на словото на законот“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски