(ВИДЕО) Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ бара професионалци за републичките комисии

Од:

Состојбата во Република Македонија е загрижувачка. Имаме политичко уназадување, правен хаос, девастирана и упропастена економија, здравствен систем кој не функционира, образование кое не нуди квалитет, земјоделие со премногу проблеми, рече Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

– Владата не само што не нуди решенија, туку само ги продлабочува проблемите. Нема напредок во ниту едно поле и област. Освен секако во криминалот и корупцијата, тоа е единственото нешто што знае да го прави хунтата на Заев. Името, идентитетот, достоинството на македонските граѓани, зародената власт не значи ништо и нема ништо свето. Наша обврска како партија е да се спротивставиме на ваквото назадување. Преку понуда, проекти, нудење на решенија. Постои се поголем интерес на луѓе, квалитетни поединци кои ја сакаат Македонија и сакаат да помогнат, и да дадат свој придонес на тој план, рече Јанушев.

Тој кажа дека ќе работеле на дополнително унапредување на капацитетите кои ќе нудат решенија и предлози, но и кои ќе изработат сопствена понуда ангажирајќи ги најдобрите капацитети и најдобрите поединци и професионалци во земјава.

– Во таа насока на последната седница на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донесе одлука за распишување на Јавен Повик: За интерес за кандидирање за членови на Републичките Комисии на ВМРО-ДПМНЕ. Повикот ќе трае до 15-ти декември 2018 година. Кандидатите за Членови на Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ потребно е да достават мотивационо писмо, биографија (CV), истиот овој Јавен Повик ќе биде објавен и во дневниот печат и на официјалниот сајт на партијата. Се поттикнуваат сите оние кои ги споделуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, визијата за развој на Република Македонија како и оние кои се чувствуваат подготвени своето професионално знаење да го стават во функција на напредокот на државата да се пријават. Втората одлука која се донесе на последната седница на Централниот Комитет е одлука за спроведување на ажурирање на членството во партијата. Ажурирањето ќе започне од 01.12 и ќе трае 3 месеци, рече Јанушев.

Тој ги повика сите членови кои ги споделуваат ставовите и политиките на ВМРО-ДПМНЕ да се обратат, односно да ги посетат општинските комитети и да го ажурираат своето членство.

– Се оди чекор понапред и се следат современите текови, односно новина е тоа што овој пат членските книшки, по завршување на ажурирањето, ќе бидат со модерен изглед слични на пример со личните карти кои што секој ги има полнолетен граѓанин. ВМРО-ДПМНЕ останува со народот и ќе работи за народот. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка сила која ќе ја порази оваа неспособна власт. Затоа ги отвораме вратите за способните, мотивираните и оние кои сакаат да дадат свој придонес за рушењето на оваа власт и нормализирање и градење на оваа држава. Македонија мора да ја изградиме во нормална, напредна земја на сите граѓани, рече Јанушев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Венко Филипче е главниот лик во аферата „Провизии кои чинат животи“

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче ја уништија надежта, немаат кредибилитет да зборуваат за младите

ВМРО-ДПМНЕ: Владата презема конкретни чекори за подобрување на економската состојба на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Тактиката на СДСМ е секој тендер да го прикажат за криминален, без да изведат некакви докази

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче дозволил изградба на 16 модуларни болници кои не исполнуваат минимални стандарди

Горан Наумовски

Пендаровски кој доби функција на поклон од Заев, се обидува да дели лекции за државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ