(ВИДЕО) Јанушев: Секој месец по некоја фамилија трајно се иселува од Пехчево

Од:

„Капитулантскиот договор со Грција, кој го потпиша владата на Зоран Заев е на директна штета на Република Македонија, ние го губиме идентитетот, преку институционаниот идентитет, историјата и културата, истакна генералниот секретар Игор Јанушев при посетата на Пехчево.

Јанушев рече дека со договорот преку Членот 8 од истиот се дава алатка во рацете на Грција преку Комисијата за ревизија на културата, историјата и археологијата да го попречи нашиот пат кон ЕУ кога и да посака.

Генералниот секретар нагласи и дека во целиот овој период додека ни зборуваат за европски вредности во суштина прават огромен криминал“, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев при посетата на општина Пехчево.

„Додека ја раскрчмуваат државата по сите основи граѓаните страдаат е општиот заклучок на пехчевци.

Во Пехчево како и во остатокот од Македонија владее тага. Млади во општината скоро и да нема, секој месец постарите жители кои немаат кај да заминат гледаат како по некоја фамилија трајно се иселува од државата, ги затвораат куќите и си одат, тажно коментираат возрасните пехчевци, кои тагуваат по заминатите синови и ќерки, внуци и внуќи.

СДСМ нема направено ништо за Пехчево. Ниту еден проект. Со своите погрешни политики само ги забрзува одлуките на жителите да си заминат.

Општината која е сливарски регион годинава се соочи со дебакл, сливата првин немаше откуп, со што илјадници тони скапаа по нивите, за на крај да се откупува по мизерни 4-5 денари. Земјоделецот овде е скршен и оставен без помош од државата, која Зоран Заев пред изборите лично им ја ветувал.

Пехчево е еден од бројните докази зошто оваа власт мора да си замине. На тагата мора да и дојде крај. Република Македонија мора да напредува“, изјави Игор Јанушев.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”