(ВИДЕО) Јанушев: Она што го гледаме на државно ниво, го гледаме и во Велес

Од:

„Разговорите за Обнова на Македонија продолжуваат и овој викенд, по вчерашната посета на општина Градско, денес сме во Велес, во врмовски Велес, каде што разговараме за проблемите на граѓаните, каде што се нотираат голем број на пропусти како на локалната, така и на централната власт. Граѓаните пред се се заинтересирани да изнесат дел од работите со коишто СДСМ предводени од Заев на некој начин ги изманипулираа велешани, така да замолија да се пренесат дел од работите коишто беа ветени, а до ден денес нема никаква реализација.

Таков проект е затворениот пазар, таков проект е обиколницата околу градот, можеби единственото нешто што успеаја да направат е да го реализираат затворањето на базенот, односно затворениот базен, бидејќи базенот не работи и де факто затворен“, рече Игор Јанушев, Генерален Секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Она што го гледаме всушност на државно ниво, предводени од криминално-рекетарската банда на Заев, тоа го гледаме и во градот Велес, укинати се сите театарски манифестации, спортот и културата буквално тонат. Но велешани тоа го имаат согледано, знаат дека правиот пат по којшто не води СДСМ не е воопшто прав, туку е тотално погрешен пат. Затоа токму оттука од Велес ќе кажеме дека Македонија се обновува, а Заев пропаѓа и на следните избори кои што ќе се одржат за неколку месеци, дефинитивно ќе го пратиме во политичката историја“, изјави Игор Јанушев, Генерален Секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ