(ВИДЕО) Јанушев од Виница: За младите до 29 години нула проценти данок

Од:

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Третата изборната единица од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска беше во посета на општина Виница оствари средба со младите од овој град.

-По посетата на Зрновце продолжуваме со посета на Виница. Само што завршивме со посета на најмладите, како што можете да видите поддршката во огромен број ја даваат на ВМРО-ДПМНЕ и обновата што доаѓа. Она што успеавме да порачаме на Заев, Љупчо Николовски и останатите од Социјалдемократскиот сојуз се дека сте прочитана книга. Веќе сите знаат дека заминувате секој еден граѓанин на Република Македонија застанува и се исправува за Македонија и за Обновата, истакна Јанушев.

Тој порача дека младите треба да останат во државата и тука да ја градат својата иднина, а не да одат во странство.

-За тоа мора државата да се погрижи, да обезбеди подобри услови. ВМРО-ДПМНЕ во својата програма „Обнова“ ветува зголемување на платата од 25 проценти и нула проценти данок за младите до 29 години. Земјоделците ќе добијат 640 милиони евра субвенции за четири години, но тие ќе мора да бидат исплаќани на време, рече Јанушев, кој ги повика жителите на Виница на 15 јули да излезат на гласање.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична против Оливер Спасовски: Издавал документи за кои знаел дека ќе мора да се менуваат

Катерина Ѓуровски

Јанушев: Спасовски и Ковачевски се креатори на хаосот со личните карти и возачките дозволи

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

Игор Јанушев и Сања Божиновска нови членови на Извршниот Комитет

Предраг Петровиќ

Јанушев: По седум години политички прогон, повторно сум слободен

Јанушев: Дали во СВР Скопје имало пријава пред пет дена дека убиецот е Палевски кој е поранешен функционер на СДСМ

Катерина Ѓуровски