(ВИДЕО) Јанушев: Ниту Груевски, ниту Јанакиески, ниту кој било друг барал нешто во постапката за кинеските автобуси

Од:

„Политичкиот прогон продолжува“, ова е ставот на пратеникот Игор Јанушев по првото судење каде се гони за злоупотреба на службена положува и овластување при набавка на кинеските автобуси. Според него, постапката е водена противзаконски со пробиени рокови, како и спротивно начелното мислење на Врховен суд.

„Постапката е отворена на 10.11.2018 година, резултира со отворање на обвинител акт на 30.06.2021 година. Точно 3 години, 18 месеци и 19 дена е водена истрагата, а согласно законот и начелното правно мислење на Врховниот суд, истрага може да се води шест месеци или со отстапка за многу комплексни случаи, да се води 12 односно 16 месеци. Прво процедурално се прекршени сите нормни, но тоа ниту Обвинителство, ниту суд – не го интересира“ рече Јанушев.

Тој додава дека ова не е предмет за украдени пари, ниту пак за криминал и корупција туку за фаворизирање на фирма, за која вели дека не ја ни знаел.

„Ова не е предмет како други каде се украдени 300.000 евра, овде не станува збор за предмет каде некој рекетирал некого, каде што, видовме, дека имаме рекет од премиер па надоле, СЈО и сите останати. Тука замислете не обвинуваат дека ние сме се договориле да фаворизираме некого кого не сме го ни знаеле. Никаков доказ нема за тоа како сме го извршиле дејството, како сме се договорале, на кој начин сме го сториле тоа. И да имаше такво нешто, веројатно до сега ќе имавме прилика во овој циркус ‘Медрано’ односно ‘Монти пајтон’ филм да го види целовкупната јавност. Индикативно е што СЈО отворило случај без т.н. бомба. Единствената надлежност на СЈО е да отвори постапка ако имаше индиции од прислушуваните разговори – овде не постои такво нешто. Од она што сега го гледаме е дека уцените, притисоците, продолжуваат. Обидот на пазарџиски и компромитирачки начин кој го има Обвинителството да влијае на сите нас со цел да се оцрни и ВМРО-ДПМНЕ. Јас не ја прифаќам таа игра. Ќе докажам и на суд дека тоа што е наведено во обвиниението, а впрочем ништо не е наведено во него, дека на крај ќе резултира со правдината и правото на виделина“, додаде Јанушев.

Игор Јанушев е обвинет дека бил член на Комисијата за спроведување на јавната набавка за 202 кинески автобуси. Претседателката на Комисијата и другиот член признаа вина, а за истите дела се гони и тој. Прашан дали му се отежнува постапката, вели: „Не гледам зошто би ми се отежнувала постапката, не сум сторил ништо што било спротивно на закон, имам потврда од второстепена Комисија на предметот дека е воден согласно закон, ДЗР има правено ревизија – нема никаков наод. Така што, исто е во едниот и другиот случај“.

Во однос на тврдењето на обвинителката Лиле Стефанова дека фирмата која ја добила набавката немала банкарска гаранција и не доставила исполнување на ИСО-стандарди, Јанушев вели: „Апсолутно не е точно. Има банкарска гаранција има контра-гаранција, во тоа време гарантирани од една од најдобрите банки во свет, ‘Сосиете Женерал’. Не е доставен бараниот ИСО документ, бидејќи постои подобар ИСО документ кој е инкорпориран и тој кој го баравме. И затоа имаме одлучено дека е прифатлив ИСО стандардот. Сето ова е небулозно и паушално“.

Во обвинението се тврди дека експремиерот Никола Груевски дал субјективен услов во постапката околу тоа како треба да изгледаат автобусите, а Јанушев, прашан дали добил ургенција, вели: „Ниту Груевски, ниту Јанакиески, ниту кој било друг, во било каква форма на ургенција, барање, било што во оваа постапка се имаат јавено. Со Груевски сум немал никаков контакт, барем во тој период“.

Јанушев е единствениот од четворицата обвинети во предметот кој се изјасни за невин.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична против Оливер Спасовски: Издавал документи за кои знаел дека ќе мора да се менуваат

Катерина Ѓуровски

Јанушев: Спасовски и Ковачевски се креатори на хаосот со личните карти и возачките дозволи

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

Игор Јанушев и Сања Божиновска нови членови на Извршниот Комитет

Предраг Петровиќ

Јанушев: По седум години политички прогон, повторно сум слободен

Јанушев: Дали во СВР Скопје имало пријава пред пет дена дека убиецот е Палевски кој е поранешен функционер на СДСМ

Катерина Ѓуровски