(ВИДЕО) Јанушев: Никој не верува во приказните на Драги Рашковски дека приватна фирма би работела без профит

Од:

„Поминаа точно 12 дена откако владата донесе одлука, бизнисот тежок 72 милиони евра да го додели на фирма формирана 24 дена пред да биде распишан тендерот. Остануваат уште 18 дена од рокот од еден месец за склучување на договорот, а владата се уште крие што планира да потпише.

Не се работи за приватни пари ниту на Зоран, ниту на Вице Заев. Не се работи ни за приватни пари на Рашковски. Фирмата ќе наплаќа 72 милиони евра од патарини, авионски карти или зелени картони. Пари кои наместо во буџетот на државата ќе се слеат на сметка на „Сархемс“, единствената фирма која доставила понуда на огласот“, рече Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку договорот е толку добар, зошто власта го крие?

Зошто не се објават деталите?

Зошто не знаеме што плаќаме, колку ќе плаќаме и како ќе плаќаме?

Дали власта има согласност да наметнува дополнителни давачки по патник? Како тоа ќе влијае на цените на аеродромските услуги?

Дали и во која мера ќе биде оштетен Фондот за здравство, бидејќи не сите граѓани имаат приватно осигурување и како тоа ќе влијае на здравствениот систем?

Власта мора да одговори на овие прашања. Граѓаните се тие кои ќе платат 72 милиони евра и мора да знаат како и на кој начин се трошат нивните пари.

Никој не верува во приказните на Драги Рашковски дека приватна фирма би работела без профит. Тогаш зошто би почнувала бизнис или зошто би го почнувал бизнисот како јавно приватно партнерство доколку нема никаква корист од државата?

Граѓаните мора да знаат кај ќе заврши секој цент од овие 72 милиони евра.

СДСМ не смее да заборави дека иако се во заминување мора да работат согласно закон. Секоја недоследност и криминал во работењето ќе биде санкционирана. Нема да дозволиме злоупотреба на народни пари за лично богатење на поединци“, изјави Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски