(ВИДЕО) Јанушев: Народот е за ЕУ и НАТО, но против капитулантскиот договор на Заев

Од:

„Општиот грабеж кој во моментов го спроведува криминалниот картел на власт предводен од Зоран Заев се обидува да го покрие со нови поделби на граѓаните.

Криминалот и расипништвото не се европски стандарди. Да се делат крвави тендери во здравството тешки десетици милиони евра на фирми кои постојат еден месец не е европска вредност. Да се ангажираат камиони на братот Вице во нетранспарентна процедура не е европска вредност.

Да си доделуваат лиценци за бизниси со марихуана или да се отстапува градежно земјиште во Струмица сам на себе или на семејството исто така не е европска вредност. Фондот за иновации да дели средства на роднини на советници без никаков критериум, не е европска вредност“, вели Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не е европска вредност државата да биде водена од премиер кој сите го бидоа како бара мито од „едно евро за црквата и едно евро за Вице“. Не е европска вредност државата да биде водена од премиер кој е два пати аболициран за криминал.

Ваквото криминогено однесување на власта не може да се сокрие со поделбата на народот на проевропски и антиевропски.

Господине Заев, најголемиот дел од граѓаните е за влез во НАТО и ЕУ, но жестоко се противи на капитулантскиот договор што го потпишавте со нашиот јужен сосед.

Договорот што го потпишавте со Грција значи бришење на македонскиот идентитет. Со капитулантскиот договор се менува името на Република Македонија, се менува уставот на Република Македонија, македонскиот јазикот, македонската националноста, македонската културата, македонската историјата и традицијата. Република Македонија не само што се откажува од Македонците надвор од границите на државата, туку се откажува од сето она за кое што се бореле нашите предци и за сето она што ни е дадено да го чуваме во аманет.

Да се поистовети несогласувањето со ваквиот штетен и капитулантски договор со неприфаќање на европските вредности е невидено потценување токму на македонската народ.

Европските вредности ќе бидат достигнати само кога политичари како Вас, ќе излезат надвор од политиката и нема да имаат шанса по трет пат да бидат аболицирани“, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници