(ВИДЕО) Јанушев: Најнеспособната Влада веќе три години не успева да го заврши патот Крупиште – Пробиштип

Од:

Она што жителите на Пробиштип замолуваат да биде пренесено и секако ние како ВМРО-ДПМНЕ земаме обврска сето тоа да го преточиме во нашата изборна програма за претстојните избори во април 2020 година, е всушност она што го гледаме секојдневно на ниво на цела држава, нешто што се случува во овие речиси повеќе од 3 години во Република Македонија, рече Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во Пробиштип.

„Негрижата на оваа, буквално најнеспособна Влада во историјата на државата го гледаме и овде во Пробиштип. Како еден од поголемите примери е изградбата на патот, на главната артерија која што Пробиштип го поврзува со остатокот од Република Македонија, тоа е патниот правец Крупиште – Пробиштип кој еве веќе 3 години оваа неспособна власт не успева да го заврши.

Меѓутоа тука е проблем и со јаловината, којшто исто така е едно предизборно ветување, кое што е поврзано со здравјето на жителите, но и со заштитата на животната средина, не е започнато да се решава овој проблем. Изградбата на втората и третата фаза на пречистителната станица, односно од делот на хидросистемот Злетовица.

Тоа е она што го гледаме овде во Пробиштип, исто како и многу други нерешени проблеми, бидејќи уште еднаш ќе повторам станува збор за една криминално – рекетарска влада, кои што единственото нешто е што гледа како да ги полни сопствените џебови, а не интересот на граѓаните.

Меѓутоа овде од Пробиштип денес ќе порачаме дека Заев паѓа, обновата почнува и дека на следните избори кои што ќе се случат за неколку месеци Македонија ќе почне со обновата“ порача Јанушев.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ