(ВИДЕО) Јанушев: Цветан Трупуновски е избркан од работа бидејќи јавно укажа на лошите политики на власта

Од:

Република Македонија е единствената држава во Европа во која се води постапка против најголемата опозициска партија и во која што политичкиот прогон станува основен начин на делување на власта. Република Македонија е единствената држава во Европа каде што поранешни функционери се испраќаат во притвор врз основа на фабрикувани службени белешки, а се носат пресуди какви што ќе нарача премиерот кој што три пати претходно е аболициран за тежок криминал, рече Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

– Наместо да оди напред, со секој изминат ден со однародената и криминогена и црна власт, Република Македонија оди назад и се оддалечува од европските стандарди. Во Република Македонија криминогената власт го узурпира целиот систем и ги злоупотребува институциите за политички пресметки. Република Македонија и официјално е држава во која што се бркаат луѓе од работа само заради тоа што имаат различен политички став од криминогената власт. Република Македонија е земја во која што се делат откази само заради укажување на лошите политики на актуелната власт, рече Јанушев.

Тој рече дека последен пример е отказното решение за прекин на работниот однос на Цветан Трипуновски, државен советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Според Јанушев, тој бил избркан само поради тоа што е член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и дека во име на партијата јавно изразувал сомнеж дека актуелната политика на власта оди на штета на земјоделците.

– Цветан Трипуновски не е избркан од работа заради тоа што не ги исполнувал службените обврски, туку избркан од работа заради тоа што надвор од работното време како член на ВМРО-ДПМНЕ ги презентирал партиските ставови со кои што се укажува на пропустите на актуелниот министер и се предлагаат мерки со кои би се подобрил статусот на земјоделците. Цветан Трипуновски е избркан од работа бидејќи на 24-ти август укажал дека повеќе од 20.000 тони сливи скапуваат, а земјоделците се соочуваат со егзистенцијална криза и побарал откупна цена од 12 денари за килограм. Цветан Трипуновски е избркан од работа бидејќи на 19-ти септември укажал на штетата од изјавите за производство и продажба на ГМО ориз без конечни анализи. Токму овие две прес конференции се официјално наведени во образложението врз основа на кое е изречена дисциплинска мерка престанок на работниот однос. Да биде апсурдот уште поголем, прес конференциите не се држени во работно време, туку по завршување на истото. За ова може да посведочите и вие како медиуми, рече Јанушев.

Според него, ова го нема ниту во најмрачните и најдиктаторските држави.

– Се брка човек од работа со апсурдно образложение дека бил главен наратор на прес конференција и како претставник на политичка партија нанесува директна штета врз угледот на институцијата и ја поткопува довербата во администрацијата. Вистината е една. Оваа криминогена власт е неспособна да направи било што позитивно. Аболицираниот Заев и неговиот послушник министерот Љубчо Николовски го клекнаа земјоделието на колена и го урнаа стандардот на земјоделците. За да добијат гласови лажеа дека ќе обезбедат сигурен откуп на земјоделските производи, а сега земјоделските производи скапуваат по нивите. Црнилата кои ги донесоа Заев и Николовски ги осетија и производителите на јаболка, сливи, бостан, пченица, зелка, домати, ориз итн. Нема гранка која што не трпи штети од криминогената власт, рече Јанушев.

Би можело да ве интересира

Лефков ги демантира пишувањата на медиуми во Бугарија дека повеќе членови од неговото семејство поседуваат бугарски пасоши

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ да каже дали преговараат за потпишување меморандум со компанија која е фатена во корупција и поткуп, велат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со својата политика на сервилност и служба на бугарската агенда ја доведе државата до негирање од страна на Бугарија

Левица: Македонија на колена пред Софија, ДПМНЕ ја продава историјата

ВМРО-ДПМНЕ: Од држава која беше на раб на банкрот, сега сме држава која е во топ пет економии во Европа

ВМРО-ДПМНЕ: Лажните душегрижници се во опозиција