(ВИДЕО) Јанкулоска: МВР загуби четворица врвни пилоти

Од:

Драги Мицев, роден 1969 година во Струмица, началник-пилот на хеликоптерската единица на МВР, Маријан Трајковиќ (1967), пилот-капетан, Тоде Орешков (1970), воздухопловен инспектор за лиценцирање на воздухопловен персонал, пилот со работен стаж и Иљо Лопатички (1968), командир-пилот, се загинатите од синоќешната хеликоптерска несреќа што се случи во близина на Струмица.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска на прес-конференција посочи дека МВР загуби четворица искусни колеги кои со своето знаење,  дух и професионализам оставија длабок печат врз работењето на Министерството.

– Тие беа и ќе останат пример како се сака својата земја и како се работи во полза на граѓаните. Тие беа врвот на хеликоптерската единица и најдобриот персонал кој МВР го имаше. Беа искусни и со безброј часови лет во различни услови и во различни акции, рече Јанкулоска.

Информираше дека според првичните информации за несреќата која што се случи синоќа околу 22 часот во близина на Струмица, за време на ноќен тренажен лет, хеликоптерот со кој управувале удрил во антенски столб на Македонската радиодифузија висок 120 метри.

– Станува збор за хеликоптер МИ17-V5, со регистарски ознаки МАР 7712 во сопственост на МВР на Република Македонија. Хеликоптерот летал на релација Скопје – Кавадарци – Валандово – Струмица – Берово – Делчево и обратно. Тој е редовно сервисиран и во текот на летот во кој е користена опрема за ноќна визуелизација не се пожалиле на проблеми, изјави Јанкулоска.

Таа информираше дека во моментов се истражува дали антенскиот столб во којшто удрил хеликоптерот бил соодветно обележан.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски