ВИДЕО: Јанкулоска и Чавков не тераа од свој џеб да плаќаме билети по автобуси, а осум години нема исплатен додаток

Од:

Припадниците на Министерството за внатрешни работи со години не добиваат додаток на личниот доход од 20 отсто кој ги следува со колективниот договор како и зголемувањето на доходот од 30 отсто за кое добиле решение од Гордана Јанкулоска во 2008 година.

-Активно работев 30 години во Министерството за внатрешни работи каде што од 2000-та година сум припадник на посебните полициски едници. Се до моето пензионирање на 11 септември 2015 година никаде немаше додаток на личниот доход од 20 отсто што следува со колективен договор и кое е истакнато во службен весник, вели пензонираниот полицаец Панче Крстев.

Покрај личниот додаток, припадниците на МВР во 2008 година добиле и решенија за зголемување на личниот доход од 30 отсто кое не е остварено. Изреволтиран од ваквиот однос на Министертвото кон вработените, Крстев решил да поведе судски спор. Исто така, како што вели тој, екс министерката Гордана Јанкулоска и сегашниот директор за бирото за јавна безбедност ги терале униформираните полицајци да ги остават службените возила и да се возат со јавен превоз и од свој џеб да плаќаат билети за истите.

-Најмногу ми падна тешко и криво кога екс министерката Гордана Јанкулоска, кога беа немирите по автобусите рече припадниците на Министерството за внатрешни работи да ги остават службените возила и да ги користат средствата за јавен превоз за што повеќе да се движат униформирани полицајци како што би се намалило насилството и меѓуетничките тензии. Тоа ние го прифативме, а воедно добивме наредба од сегашниот директор на Бирото за јавна безбедност писмена наредба која мораше да ја потпишеме дека мораме во превозот да вадиме билет без разлика дали сме биле на должност или не при што од страна на превозот сме доста оштетени, рече Крстев.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Запленет кокаин во Гевгелија, лишен од слобода дилер, одреден му е притвор

СДСМ бара Сиљановска да не го потпишува Указот за Законите за полиција и МВР

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Катерина Ѓуровски

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката

МВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци