(ВИДЕО) Јанковиќ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

Од:

Денеска објавуваме нов скандал на власта. Како пред очите на целата јавност, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно ја враќа вмровската партиска мафија во Националната агенција за европски образовни програми? Која патем управува со милионски фондови од Европската унија преку Еразмус +. Пред десетина дена, поточно на 1 август, на местото в.д. директор на Агенцијата, без транспарентност и без консултација со Европската унија, е назначена Ана Михајлов, изјави Јовица Јанковиќ, потпретседател на СДММ.

– Клучното прашање е што се крие зад назначувањето на Ана Михајлов на чело на Агенцијата која во минатото беше во самиот центар на најголемиот скандал во оваа институција? Огласот беше поништен а причините за поништувањето останаа мистерија. Ниту начинот ниту времето на назначувањето воопшто не е случајно. Сега започнуваат локалните избори и најважно завршува истрагата за предметите што ОЛАФ, Европската канцеларија за борба против измами, ги достави до македонското обвинителство.

Токму во овие документи, според нашите информации од свиркачи осомничена е новата директорка, Ана Михајлов. Ова е официјалниот извештај на ОЛАФ од 2023 година, каде јасно е наведено дека постои основано сомневање за злоупотреба на над 2 милиони евра во периодот на претходната влада на режимот на Груески, за период кој започнува во 2016 година. Како што е наведено, идентификувани се повеќе од 50 физички и правни лица во Македонија и пет земји-членки на ЕУ, сите дел од вмровската шема. Преку вмровските внатрешни кадри, вработени во агенцијата, протекувале информации за апликанти и евалуатори.

Надворешна фирма управувала со проекти на над 15 училишта, што претставува флагрантно кршење на грант-договорите. ЈО се уште нема процесуирано обвинителен акт по овој целосно документиран предмет доставен на јавното обвинителство во 2023 година и повторно актуелизиран во 2024 година. Од свиркачи внатре во Агенцијата СДСМ дознава дека власта прави силен притисок да се спречи истрагата на Јавното обвинителство. Дали затоа што води токму до Ана Михајлов и нејзините најблиски фамилијарни и пријателски ангажирани евалуатори од ВМРО-ДПМНЕ? Дали ова е причината да биде поништен претходниот конкурс за директор? По кој критериум е назначена токму Ана Михајлов и зошто токму сега? Дали зад назначувањето на Михајлов се крие вистинската намера на власта да ја блокира истрагата на ОЈО и ОЛАФ?
Ова е враќање на вмровската мафија во Агенцијата и јавноста очекува одговори. СДСМ ќе ја продолжи оваа тема и ќе ја информира јавноста за сите детали и информации со кои располагаме за овој скандал, истакна Јанковиќ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда