(ВИДЕО) Јанковиќ: Матни зделки во енергетиката, зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи дали Алказар има одобрение за градба?

Од:

ВМРО-ДПМНЕ молчи и не одговара на прашањето дали „Алказар енерџи“ има или не одобрение за градба? На овој начин ВМРО-ДПМНЕ само потврдува дека доаѓаат матни времиња во енергетскиот сектор. Договарања зад затворени врати со лични, приватни интереси на поединци од врвот на власта. Денес, јавноста не знае ништо за инвестициите кои во енергетиката ги најавува ВМРО-ДПМНЕ и наводно тежат над 1.5 милијарда евра, изјави Јовица Јанковиќ од СДСМ.

– Клучните прашања се без одговор, граѓаните ништо не знаат. Ако навистина станува збор за проекти од јавен интерес, зошто бегаат од одговорите? Нека излезат и нека кажат: Кој е бенефитот за граѓаните? Ќе биде ли струјата поевтина за граѓаните од берзанската? Кој ќе ја гарантира цената ако повторно, како во енергетската криза, скокне над 500 евра за мегават-час? Нема одговори затоа што очигледно за жал во позадина се кријат лични бизнис интереси.

Фактите говорат дека ЕСМ во 2024 година произведе помалку, околу 3.600 GWh, а оваа година бројките се уште полоши. Казанџи, според најавите на Мицкоски, ќе произведува 4.100 GWh, а Алказар – над 1.200 GWh. Со други зборови, државната ЕСМ ќе го изгуби приматот како најголем производител во земјава. Тоа ли е интересот на граѓаните? Кој ќе ја гарантира евтината струја за домаќинствата, која сега ја обезбедува ЕСМ? Очигледно е – од овие нетранспарентни договори бенефит ќе имаат само блиски до власта, не и граѓаните. Нема ниту еден аргумент како овие проекти ќе го подобрат животниот стандард или ќе донесат развој за државата.

Го повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да излезе пред јавноста со конкретни бројки и детална пресметка: Колкав е јавниот интерес? Кој е финансискиот ефект за граѓаните и џетот од овој проект? И повторно бараме: Јавно објавување на дозволата за градба за „Алказар енерџи“, на чиј „почеток на градба“ присуствуваше премиерот Мицкоски. Ако ја има. Ги повикуваме надлежните институции по допрен глас, да го истражат овој случај. Нема скриени зделки за сметка на граѓаните, рече Јанковиќ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Жена парк и улица Македонија кои за сите скопјани будат многу спомени, сега се во состојба во којашто не треба да бидат

Мицкоски: ДУИ ако не е на власт зборува за етничка поларизација, тезата им е погрешна

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Шукова: Четири години разочарувања, секоја улицa, секое маало, сведочи за неуспехот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски