(ВИДЕО) Јаневиќ: Иванов да се изјасни дали ќе аболицира криминалци

Од:

„Со вчерашната скандалозна одлука на Уставниот Суд, со кој се укинува Законот за помилување од 2009-та година, судот се стави во директна служба на осомничените високи функционери на ВМРО ДПМНЕ. Целта е повеќе од јасна – злосторничко здружување со цел останување на власт на една партија.

Експресната одлука, непозната во уставното право и функционирањето на уставниот суд е резултат на независната и професионална работа на Специјалното Јавно Обвинителство. Овие формални полуги на судскиот систем, а фактички извршители на злосторничкото здружување ја завршија својата работа. Следен на ред е формалниот претседател Ѓорѓи Иванов, чиј легитимитет е подеднакво спорен, како и оној на партиите на власт“, рече портпаролот на ЛДП, Филип Јаневиќ, по повод вчерашната одлука на Уставниот суд на Р. Македонија.

„Сега професорот на Правниот Факултет треба да одлучи: Дали ќе биде директниот и последен соучесник во рушењето на правниот и уставниот поредок на Македонија или ќе постапи по логиката на правото и правдата? ЛДП го повикува јавно да се изјасни дали е спремен да го искористи правото на аболиција и да ги помилува осомничените за најтешките форми на криминал? Дали е спремен дефинитивно да ја завземе својата улога на џелат на државата и нејзината иднина?

Тој би требало да биде свесен дека користи право добиено на скандалозен начин од окупиран суд, кој треба да го штити поредокот на државата. Со самото тоа, станува дел од злосторничкото здружение кое ќе ја сноси кривичната одговорност за рушењето на уставниот поредок. Доколку не се изјасни јавно за намерите, ќе побараме поведување на постапка за одземање на мандатот во Собранието на РМ или организирање на референдум повлекување на Иванов од функцијата претседател.

Во очекување на одговорот во следните денови, му порачуваме на Иванов дека одлуката е многу лесна: правда наместо криминал и зачувување на државата наместо нејзино целосно уништување. Но знаеме дека се’ е до капацитетот, кој досега претседателот покажа дека го нема.

Ова е последната шанса од која нема враќање назад. Сите до еден ќе одговараат за најголемото злосторство направено во поновата историја на Македонија, вклучително и Иванов, кој ќе го стави потписот за крајот на правдата и уставниот поредок, но и за сопствениот крај“, изјави Филип Јаневиќ.

 

Би можело да ве интересира

Средба Зајкова – Кос: Македонија мора да биде подготвена како Исланд за членство, а ЕУ да биде искрена, брза и креативна во поддршката

Зајкова: Среќен и благословен Бајрам – исполнет со мир, хармонија и заедништво

Предраг Петровиќ

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Зајкова: Сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица од 1991 година до денеска

Предраг Петровиќ

ЛДП: Строги контроли не само во локалите, туку и во детските градинки, училиштата и други големи објекти

Аврамоска-Ѓореска: Не е само 8 март ден на жените

Горан Наумовски