(ВИДЕО) Трета снимка: Јанева му вели на Камчев дека Стефанова без неа не може ништо да направи

Од:

Италијанскиот весник Ла Верита утрово објави ново, трето продолжение за случајот „Рекет“.

Под наслов „Боки 13 се гордее со своето пријателство со македонскиот премиер Зоран Заев“ весникот објавува нови четири аудио снимки меѓу Бојан Јовановски- Боки 13 и бизнисменот Орце Камчев.

Во два од нив се слуша глас кој според весникот е на шефицата на специјалното јавно обвинителство Катица Јанева и која вели дека “обвинителката Лиле Стефанова која го води предметот Империја не може да направи ништо без неа”.

“Јас сум премногу ангажирана затоа не ја држам редовно под контрола. Инаку она без мене не може ништо”, вели Јанева во телефонскиот разговор.

Во еден од објавените разговори, Боки 13 го информира Камчев дека ќе има средба со Заев.

“Утре се глеам со него”, вели Боки 13 на снимката.

“Со Дејан? Со Жаре?”, погодува Камчев на што Боки 13 одговара:

“Со Зоки. Со Заев”

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог