(ВИДЕО) Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ го остави Скопје без автобуси и создаде хаос во јавниот превоз

Од:

На почеток на учебната година и учениците, и родителите и граѓаните на Скопје мака мачат со градскиот превоз. Автобуси речиси и да нема, тие што ги има доцнат, или воопшто не доаѓаат на автобуските станици. Учениците не можат навреме да дојдат на училиште, граѓаните на работа, изјави Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Скопје.

– Автобусите што ги има се преполни, често се расипуваат и се небезбедни. Дополнително, денес не возат ниту дел од приватните автобуси. На Скопје му недостасуваат најмалку 100 автобуси за да може ЈСП нормално да си ја извршува дејноста. Ете, тоа е сликата на 1 септември, после 3 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. ВМРО-ДПМНЕ го остави Скопје без автобуси и создаде хаос во јавниот превоз. Нема ниту М од модерно Скопје, какво модерно, ова е срам за Скопје. На последната седница на Советот на Град Скопје, Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за набавка на нови автобуси. Ги нема ветените 250 нови автобуси кои Мицкоски ги ветуваше пред скопјани а го нема и бесплатниот превоз. ВМРО-ДПМНЕ бездушно ги остава скопјани да се справуваат со хаосот секој ден, само заради тоа што им пропаднаа бизнис зделките со Арсовска. ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во Скопје, тие се најголеми виновници за катастрофата која што му се случува на ЈСП и на целиот град – истакна Јанчева.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците

Транспортерите од Србија престануваат да го блокираат товарниот сообраќај на премините

(ВИДЕО) Кузеска: 50 дена молк, криминалните тендери остануваат без одговор од институциите

СДСМ: Работниците на дното, власта троши на тендери

Горан Наумовски