(ВИДЕО) Јанчева: Хаос со јавниот превоз во Скопје, Славевски и Арсовска наместо да се караат да земат да работат

Од:

Советничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата во Советот на Град Скопје денеска поднесе барање за свикување на вонредна седница, поради сериозноста на проблемот со приватните превозници, кој со месеци ги остава граѓаните на Скопје без функционален јавен превоз, изјави Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

– Додека претседателот на Советот, Трајко Славески, и градоначалничката Данела Арсовска си ја префрлаат одговорноста за тоа кој треба да го реши овој проблем, граѓаните на Скопје секојдневно се соочуваат со нередовен и дотраен јавен превоз. Наместо да се зафатат со решавање на реалните проблеми, гледаме како ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска водат тригодишна расправија и инает, додека градот тоне во хаос.

Да потсетиме, ВМРО-ДПМНЕ беше партијата која ја промовираше Арсовска како „најдобра менаџерка“ и ветуваше дека Скопје ќе стане модерна метропола со бесплатен превоз и 250 нови автобуси. Што добија граѓаните? Наместо модерни решенија, добивме јавен превоз во катастрофална состојба, затрупан град во ѓубре и граѓани оставени сами да се снаоѓаат за основни потреби.

Виновниците за хаосот во јавниот превоз се советниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои континуирано одбиваат да гласаат за набавка на нови, еколошки автобуси. Сега, премиерот Мицкоски ветува само 100 автобуси, за кои, како што е најапсурдно, нема предвидено средства во новиот буџет. Ова е уште една празна и лажна порака до граѓаните. До кога ќе продолжите да ги манипулирате и да се изживувате со нив?

Советничката група на СДСМ и коалицијата упатува јасен и гласен апел:

Итно свикување на вонредна седница на Советот! Граѓаните не смеат да бидат оставени без јавен превоз. Превозот е нивна основна потреба и ние ќе направиме сè за да ги заштитиме нивните права. Ги повикуваме сите советници да ја поддржат оваа иницијатива, да покажат одговорност и да ги надминат политичките игри.

Утрово, претседателот на Советот, Трајко Славески, дури постави нови апсурдни барања – оригинални потписи со пенкало за иницијативата, нешто што досега никогаш не го барал. Истовремено, го повикуваме да престане со процедуралните пречки и конечно да дозволи решавање на проблемите кои го парализираат градот.

Со поднесената иницијатива бараме на дневен ред да се постави решението за јавниот превоз. Очекуваме информација од градоначалничката и секторите на Град Скопје за можностите за брза корекција и враќање на функционалноста на јавниот превоз.

Секој ден одложување е ден повеќе во кој граѓаните страдаат. Јавниот превоз не е луксуз – тој е основна потреба!

Советничката група на СДСМ и коалицијата останува посветена на борбата за интересите на граѓаните, рече Јанчева.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“