(ВИДЕО) Јанчев: ДПМНЕ си легна на брашното и за Договорот со ,,Бехтел и Енка”

Од:

Пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, на вчерашната пленарна седница за избор на нова Влада, истакна дека ВМРО – ДПМНЕ го излажа народот и по прашањето за раскинување на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на Коридорите 8 и 10б.

Како што рече Јанчев „Бехтел после секоја империјална инвазија влегува на новоосвоените територии да собира воен плен“. Според него, тоа се случува и во Македонија по Преспанскиот договор, а ефектите на терен се: оштетени куќи кај Прилеп, оштетена црква, загрозени извори за вода, загрозен ендемичен вид на пеперутки…

– Тоа што не ù е јасно на јавноста е постојаното ретерирање на ДПМНЕ по ова прашање. Пред година дена пред избори бевте многу ратоборни. Го добивавте Договорот од свиркачи, баравте Обвинителството да реагира, дававте споредби со Србија за исти делници и се создаваше слика дека кога ќе се смени власта, тоа ќе се расчисти веднаш, за да месец дена пред избори, се смени плочата – истакна Јанчев.

Според Јанчев, сега нема таква ратоборност, а во Програмата што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ нема дури ни репреговарање на штетниот договор.

– Сега добиваме програма во која нема ниту ,,Р” од репреговарање. Имаме зборови како ,,оптимизација, рационализација на трошоци, рокови, динамики за изградба”, дури пред овие зборови се користи синтагмата „сериозни чекори“. Значи програмата вика: „Ќе се преземат сериозни чекори за оптимизација, рационализација на трошоци, рокови, динамики…“. И на сето ова ако се додаде локалниот инспектор за животна средина во Прилеп, кој месец и пол го крие Извештајот од вонредниот инспекциски надзор, јасно ми е дека ќе свиткате џам под вода по ова прашање и дека си легнавте на брашното – истакна Јанчев, кој исто така побара одговор од говорница по прашањето за коридорите 8 и 10б за да остане забележано во Собраниската архива.

Би можело да ве интересира

Левица: Ден Дончев ја разобличува „борбата против криминалот“ на ДПМНЕ

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

(ВИДЕО) Крмов: Гаши ги ускрати пратеничките прашања на опозицијата со произволно толкување на Деловникот

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето – го преземаат и граѓанскиот надзор

(ВИДЕО) Мециновиќ: ДПМНЕ го исклучи народот од одлучувањето за сопствените пари – не прифати ниту еден од 124-те амандмани на опозицијата за ребалансот на Буџетот

Левица: Студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра поради тоа што оброкот е замрзнат на 140 денари

А1он