(ВИДЕО) Јакшиќ за РТС: Говорот на Груевски беше евтин, офанзивен, без аргументи

Од:

Аналитичарот Сашо Ордановски со вклучување од Скопје, учествуваше во дебатната емисија на РТС, на која тема беше Македонија – протеситете и нападот во Куманово. Гости во студиото беа Ивица Дачиќ, министерот за надворешни работи на Србија и Бошко Јакшиќ, надворешно политички коментатор.

– Македонија е на голем испит, има протест против корумпираната власт, но не пука Македонија по национално етнички шавови, коментираше коментаторот Бошко Јакшиќ.

– Ја разбирам потребата на дел од српската јавност на Македонија да се гледа од аспект на големоалбанската идеја, но Голема Албанија е пензионирана тема и тоа не го поддржува ниту еден релевантен политички фактор. За дилемата, дали се терористи или криминалци во Кумамово, станува јасно дека се криминалци кои биле платени, но тоа излегло од контрола и ние имаме конкретни информации како се одвивало. Постои сомнеж дека во тоа е вмешана тајната полиција во Македонија, има се повеќе основи за ова сомневање, и тоа беше маневар да се смени темата во јавноста и да се избегне жешката тема против криминалите на власта.

Таквата теза би била јако опасна дека тоа потекнува од премиерот, со оглед дека премногу луѓе страдаа, дали некој би бил подготвен за таква егзибиција, праша водителката.

– Јас не говарам дека не е опасно, туку дека е опасно, и поради тоа два дена по инцидентот имавме две оставки и тоа ќе биде главна причина да се вклучат сите меѓународни фактори и неминовно да резултира со заминувањето на Груевски. Ќе се разговара уште неколку недели, но е познато дека е извесна агендата околу создавање на привремна влада која ќе не однесе до избори после една година, рече Ордановски.

Груевски доби мнозинство на ззборите, имаше поголем собир од тој на опозицијата, не е впечатокот дека е поразен Груевски, коментираше водителката на емисијата.

– Тоа е ваш впечаток во Белград, но не и тука во Македонија. Ние сега ги слушаме сите детали, како се украдени три до четири избори, нема сомнеж дека митингот на опозицијата беше поголем. Груевски нема проблем само со опозицијата, се создава голем граѓански протест во кој учествуваат сите етнички заедници, рече Ордановски и продолжи дека впечтокот дека ги добил изборите нема да е таков доколку се слушне како се фалсификувани изборите, како се договарани насилства како се злоуптребени сите ресурси на државата.

– МВР по зборовите на министерката било претворено во партиски штаб, сето следење, пари, сите услуги, рекетирање и уцена на секој што мислел спротивно, се било ставено на располагање 24 сати на власта. Можете се да мислите за опозицијата, но тоа е така шокантно да нема друг избор освен да си заминат и друг да ја оправи државата, рече Ордановски.

– Се надевам дека дека ги паметите говорите на Милошевиќ, сега говорите на Груевски потсетуваат на него. Нивниот протест беше проруски интониран. Македонија е опкружена со членки на НАТО. Приказната на тоа каде Македонија припаѓа, па Лавров кој сега се јавува, а молчеа 20 години, е монтажа за други регионални интереси. Не знаеме какви односи со Москва развил Груевски, знаеме дека е Русија место каде може да се сокријат парите сигурно, и нема тука некоја филозифија регионална. Се работи за режим кој дошол до својот крај и ова е само како тоа да се направи безболно. Што се однесува до претседателот на државата, ние не знаеме што рпави, отиде во Москва кога беше пукањето во Куманово, па после кажа дека не ни знаел што ќе се случува, одговори на прашање Ордановски.

Гостинот во студиото, надворешно политичкиот коментатор Јакшиќ за прислушуваните материјали рече дека се работи за 100.000 транскрипти, 80.000 смс пораки, и дека очигледно постои основа за покренување судска постапка.

Американците и Европјаните посредуваат во разговорите на Груевски и Заев и бараат независна истрага, но таа не оди во корист на премиерот, зашто коалициониот партнер ја потврди автентичноста на разговорите, рече Јакшиќ.

Според него, говорот на Груевски беше евтин, офанзивен и полулистички, без аргументи.

– Се чини дека Груевски си купува време за него, а не за Македонија да излезе од кризата. Тој гледа како да опстане во кризава.

Се покажа како за 9 години може власта да опие, и да одите во автократија. За инвестициите се испостави дека зад нив стојат сомнителни и проблематични договори, политичкиот дијалот помеѓу партиите е сосема исчезнат, медиумите се на дното во регионот, рече Јакшиќ.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони