(ВИДЕО) Јакимовски: За девет месеци ГРОМ ќе стане парламентарна партија

Од:

Ја отпочнуваме иницијативата за формирање на нова политичка партија Граѓанска опција Македонија, без намера никого да растураме туку да извадиме нешто ново со повисоки вредности.

Досега ни искажуваат најмногу поддршка граѓани кои се политчки неопределни, кои досега не биле активни политички. Немаме аспирации за разбивање на било кој политички субјект, се обрати Стевчо Јакимовски пред поддржувачите на новиот политички субјект.

-Ме прашуваат кое звучно име ќе дојде со вас, а јас им викам-има ли позвучно име од граѓаните на Македонија, рече Јакимовски.

Јакимовски кажа дека партијата нема да биде ниту со власта ниту со опозицијата.

Немаме намера, вели Јакимовски, да поддржуваваме никого на власт, ниту пак никого да донесеме на власт, се бориме за нашето место под политичкото небо во РМ.

Од денеска за 9 месеца односно крајот на февруари 2014, почнува камапњата за претседателски и најверојатно и за предвремени парламентарни избори. Ние за 100 дена си даваме задача да собреме потписи, да го направиме основачкото собрание и да почнеме со политичкиот живот во РМ.

Очекуваме, рече тој, да се приклучат сите поедници кои сакаат да псотигнарт резултати, кои се подготвени за работа на терен и тимски да дојдеме до целта. Јас ви гарантирам после 9 месеци ГРОМ ќе биде парламентарна партија, порача Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Гром предизивка пожар во Бајловце, општина Старо Нагоричане

Горан Наумовски

Тринаесетгодишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики

Предраг Петровиќ

Гром удри во две момчиња во Радовиш, 20-годишно момче загина, неговиот другар повреден

Анита Петровска Рајковиќ

Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско – струшки регион

ЦУК апелира попладне на внимателност поради локална нестабилност, пороен дожд, силни електрични празнења и засилен ветер

Јакимовски призна пораз: Со среќа нека ви биде изборот, честитки до Сиљановска-Давкова

A1on