(ВИДЕО) Јакимовски: Покривот на градинката „Мајски цвет“ попушти под временските непогоди

Од:

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски утрово беше на увид во просториите на градинката „Мајски цвет“, клон „Јасмин“, во населбата Тафталиџе 2, каде што во текот на викендот паднал плафон од гипс картон во две простории, а во уште една е оштетен.

– Ја утврдуваме причината, Најверојатно се работи за технички проблем. Веројатно олуците не биле исчистени поради што дошло до нивно запушување. Имајќи предвид дека станува збор за скриен покрив, водата прелила преку олукот врз изолацијата која натежнала на плафонот од просторијата кој е изработен од гипс картон, изјави градоначалникот Јакимовски по извршениот увид.

При увидот, истовремено забележани се и некои технички пропусти при градбата на објектот. Од тие причини градоначалникот побара да се проверат проектите, понудата и завршните ситуации по што ќе бидат објавени дополнителни информации во врска со случајот, велат од Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

СДСМ го осудува нападoт врз советникот од Општина Карпош, да се истражи поврзаноста со ВМРО-ДПМНЕ

Јакимовски: Раководството на ВМРО-ДПМНЕ како опозиција се однесува варварски, замислете ште ќе прават ако се докопаат до власт

Катерина Павлова-Николовска

Нападнат советникот во Општина Карпош, Александар Илиески

Јакимовски: Советниците на ГРОМ ќе продолжат да ги поддржуваат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, секаде во Македонија

Ана Ололовска

Јакимовска Панчевска: Јакимовски без закуп, дал простории во 8 од 10 училишта на училиште за странски јазици, сопственост на кандидат за советник од ГРОМ и врски со СДС

Ана Ололовска

Јакимовски: Констатирани се недостатоци при изведбата на плафонот во градинката „Мајски цвет“

Ана Ололовска