(ВИДЕО) Јакимовски: Покривот на градинката „Мајски цвет“ попушти под временските непогоди

Од:

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски утрово беше на увид во просториите на градинката „Мајски цвет“, клон „Јасмин“, во населбата Тафталиџе 2, каде што во текот на викендот паднал плафон од гипс картон во две простории, а во уште една е оштетен.

– Ја утврдуваме причината, Најверојатно се работи за технички проблем. Веројатно олуците не биле исчистени поради што дошло до нивно запушување. Имајќи предвид дека станува збор за скриен покрив, водата прелила преку олукот врз изолацијата која натежнала на плафонот од просторијата кој е изработен од гипс картон, изјави градоначалникот Јакимовски по извршениот увид.

При увидот, истовремено забележани се и некои технички пропусти при градбата на објектот. Од тие причини градоначалникот побара да се проверат проектите, понудата и завршните ситуации по што ќе бидат објавени дополнителни информации во врска со случајот, велат од Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Реакција од општина Карпош во врска со барањата за легализација

Општина Карпош со реакција до кандидатот за градоначалник Сотир Лукровски: Дека детските градинки и основните училишта во општината се правни лица, а не се фирми

Горан Наумовски

Советниците од Карпош се противат на владината одлука за одземање на салата „Партизан“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Јакимовски: „Мајски цвет“ ќе се урива, на нејзино место ќе се гради нова и модерна градинка

Општина Карпош: Не можеме да се изначудиме како ВМРО-ДПМНЕ го укина „Член 62 а“ од Законот за градба

Одржувањето на хигиената во Карпош голем проблем за граѓаните