(ВИДЕО) Јакимовски: Не сакаме да ја ослабнеме опозицијата, името не го даваме

Од:

Нашата цел не е да ја ослабнеме опозицијата, туку да ја поттикнуваме. Ниту пак ни е целта да ја зајакнеме власта, туку да ја отрезниме, рече Стевчо Јакимовски по неговиот избор за претседател на ГРОМ на основачкото собрание на партијата.

Јакимовски во Универзалната сала посочи неколку правци во кои ќе се движи партијата,  вети и дека на следните избори ГРОМ ќе стане парламентарна партија, а како што посочи, гаранција за тоа се досегашните над 13.000 членови на партијата.

Стевчо Јакимовски го кажа и ставот на партијата за спорот со името.

-Ние нема да велиме дека ставот ќе го кажеме кога ќе дојдеме на власт, ниту ќе се криеме на референдум зад граѓаните. На кој референдум го добивме нашето име, на никој референдум. Ниту на референдум сме го добиле името, ниту ан референдум ќе го потврдуваме, ниту на референдум ќе го даваме името Македонија.

Под уставно име не признаа 135 земји, го добивме спорот за името на Меѓународниот суд. Единствен компромис е Република Македонија за севкупна употреба а со ГРција да се договориме за меѓусебна комуникација, рече Јакимовски.

Нашите ставови ќе бидат јасни и гласни, нема да ни биде важно дали кореспондираат со власта или со опозцијата, тоа ќе бидат наши ставови, рече Стевчо Јакимовски.

ГРОМ според него, ќе се залага за повисок стандард, слобода на говор, за релаксирање на даночните оптоварувања на малите фирми, да се поттикнат средните фирми, за субвенции, за враќање на довербата во јавното здравство наместо сегашното форсирање на приватното здравство.

ГРОМ според Јакимовски ќе бара и проширување на децентрализацијата и јавниот ред и мир да биде под ингеренции на локалната самоуправа.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Наместо со идеи, визија и програма, власта на терен излезе со вреќи брашно

А1он

Трајановски: Пензионерски домови достапни за сите и практично решение за паркирањето во Скопје

Трајановски: На местото на старата касарна во Бардовци ќе се изгради нов скопски Експо-центар

Трајановски: Централна пошта да стане Градски инспекторат и Центар за урбано планирање

Катерина Ѓуровски

Трајановски: ГТЦ ќе биде дом на градот, младите и културата – повторно симбил на Скопје

ГРОМ: Згрозени сме од одлуката на АВМУ Левица биде исклучена од покривање на трошоците за медиуми во кампањата за локалните избори

Катерина Ѓуровски