(ВИДЕО) Јакимовска: СДС врши груби изборни злоупотреби во Куманово и Струмица

Од:

„СДС врши груби изборни злоупотреби. Државниот имот се злоупотребува за партиски цели.

Тоа се прави во Куманово, во Струмица.

Прво. Вработените во општинското јавното прептријатие „Чистота и зеленило“ од Куманово наместо на работа делат партиски флаери за СДС и Максим Димитриевски.

Од овие фотографии јасно се гледа како на вработените од ова претпријатие им се дава голема количина на пропаганден материјал од штабот на СДС, со цел негово разнесување.

Второ. истото се случува и во Струмица. Во општина Струмица каде долги години градоначалник беше Зоран Заев, со комбе во сопственост на општината се разнесува изборен материјал на СДС.

Трето. Граѓаните беа сведоци како во првиот ден од кампањата Зоран Заев на партискиот митинг во Битола оди со службени возила на владата.

СДС едно зборува пред медиуми, а друго работи во реалноста.

Незаконски и скандалозно е вработени во јавната и државната администрација во работно време да бидат користени за партиски цели.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите набљудувачи на изборниот процес да реагираат на ваквата ноторна злоупотреба на државните ресурси во партиски цели.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потенцира дека институциите мора да работат исклучиво согласно закон, и дека секое незаконско работење ќе биде санкционирано со враќањето на правната држава и демократијата во Република Македонија. Одговорност ќе мора да има“, изјави Светлана Јакимовска.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ