ВИДЕО: Изградбата на новото училиште во полн ек

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, заедно со советниците и вработените во општината, денеска извршија увид во текот на градежните работи на новото основно училиште, кое се гради во Капиштец.

Оваа најбројна населба, со 12.000 жители, добива за првпат основно училиште, а во општината се гради основно училиште по цели 47 години.

„Задоволни сме од текот на градењето, кое оди според планот и затоа очекуваме од учебната 2018-та година, 500-тини деца од 6 до 15 годишна возраст наставата ќе ја следат во најмодерното училиште. Таканаречената „Школа – парк“ ќе има вкупна површина од 12.000 м2, со ботаничка градина, кабинети со најсовремена опрема, подно греење и со спортски објекти“, рече градоначалникот Жерновски.

Поставен е темелот на објектот и на ред е првата плоча. Досега се вградени 70 тони арматура, 526 кубици бетон и направен е ископ од 2000 м2 за собирање на подземните води. Десет бунари ќе ги исцрпуваат овие води. Монтирана е хоризонтална изолација и громобранска инсталација.

Изградбата на ова училиште целосно ќе биде покриена исклучиво од буџетот на општина Центар и наместо парите кои беа предвидени за барокна гаража, децата од овој дел на општината ќе учат во модерно училиште, изградено од високо квалитетни материјали.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар