Британскиот амбасадор Кристофер Ивон во неделното интервју на Радио Слободна Европа, вели дека се надева дека изборите ќе поминат без проблеми и ќе бидат добар кредит за Македонија. Тој аспект на репутација, вели е многу важен.
„Слоганот е „каков белег ќе оставиме“. Тоа е белег кој го остава секоја индивидуа, семејство, заедница и општина. Тоа белег и на регионално ниво, затоа што и останатите држави гледаат како биле спроведени изборите во Македонија, меѓународен белег, затоа што меѓународната заедница сака да види избори кои ќе бидат за гордеење, а не за загриженост“, вели Кристофер Ивон.
Амбасадорот вели дека сцените што ги видел на телевизиските екрани пред недела-две боле мошне грди и лично бил многу вознемирен од тоа што го слушал за инцидентите во училиштата, автобусите, и изолирани инциденти и исто така сцени од протестите кои исто така биле мошне вознемирувачки.
„Мислам дека тие генерално создаваат атмосфера на страв во пошироката заедница и знам луѓе кои случајно се нашле на местото на протестите со нивните деца и беа многу исплашени. Се надевам дека повиците од политичките претставници, претставниците на меѓународната заедница, но и од Македонија ќе бидат земени предвид затоа што локалните избори се однесуваат на локалните прашања и на други прашања кои се наметнуваат во дебатата“, вели амбасадорот Ивон.
Не сака да шпекулира што би можело да се очекува во јуни затоа што извештајот на Комесарот кој го има мандатот за тоа се уште не е напишан, ќе видиме, вели, што се вели во него, основните прашања не враќаат на трите аспекти поставени во декември на Советот на министрите-прашањето за името, напредок во добрососедските односи и во ЕУ реформите, а по 1 март кога беше постигнат договорот меѓу политичките лидери, мислам дека тоа го расчисти патот кон постигнување на тие ефекти.
Меморандумот за разбирање вели, не се однесува на еден одреден аспект. Вредноста на договорот, како што разбира е многу јасна, тој овозможува дијалогот да продолжи во добар дух, за сите опции, без предрасуди.
„Што се однесува на одредувањето датум за парламентарни избори, таа дискусија се очекува да се одвива веднаш по завршувањето на локалните избори. Ако постојат интерпретации на тој договор кои се различни, тогаш треба да се прашаат тие луѓе. Мојата интерпретација е јасна“, вели Ивон.
ВИДЕО: Радио Слободна Европа