(ВИДЕО) Ивановски: Нов преседан-Без дневен ред и материјали власта ќе го менува Изборниот законик

Од:

Демократијата во Македонија не функционира, констатираше Игор Ивановски од СДСМ.

Како еклатантен пример го посочи денешното однесување на власта, без дневен ред и без материјали е закажана седница за измени во Изборниот законик.

Ивановски, смета дека донесувањето на измените во Изборниот законик по итна постапка и на вонредна седница на Собранието на РМ, како и озаконувањето на продолжувањето на рокот за пријавување кандидати за претстојните локални избори до 3. март, без присуство и согласност на опозицијата, е преседан во парламентарната демократија.

„Ова е преседан, нешто што не се случило досега. Ова претставува дополнување на сериозниот дефицит во функционирањето на демократијата“, рече Ивановски на панел дискусијата „Развој на функционална демократија како основа за интереграција во ЕУ“, која се одржа денеска во организација на Институтот „Фридрих Еберт“ и Институтот за социјална демократија „Прогрес“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените